Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кога треба да останеме будни

Кога треба да останеме будни

Поучете ги своите деца

Кога треба да останеме будни

СИГУРНО ќе се согласиш дека е важно да останеш буден додека си на училиште. Многумина заспиваат на часовите, но за да научиш нешто, мора да останеш буден. Исто така, можеби одиш и на состаноци на кои се проучува Библијата.

Што да направиш за да останеш буден? a Една работа е да си легнуваш навреме. Можеби ќе биде добро и да дремнеш малку попладне. Да видиме што можеме да научиме од она што му се случило една ноќ на едно момче кое заспало додека апостол Павле држел говор. Прочитај што пишува во библиската книга Дела, поглавје 20, стихови од 7 до 12.

Павле бил во посета на собранието во градот Троада, кој излегувал на море. Библијата вели дека имал „намера утредента да си оди“ со брод. Затоа, го продолжил „говорот дури до полноќ“. Понатаму читаме: „Едно момче по име Ефтих седеше на прозорецот. Поради тоа што Павле долго зборуваше тој потона во длабок сон“. Што се случило потоа?

Ефтих, кој седел на прозорецот, ‚паднал од вториот кат‘. Павле и другите луѓе веднаш се стрчале по скалите. Сепак, Ефтих веќе бил мртов! Можеш ли да си замислиш колку биле тажни сите?— Библијата ни кажува дека Павле го подигнал Ефтих и го прегрнал. Кратко потоа, Павле радосно извикал: ‚Не плачете, ништо не му е‘! Бог му го вратил животот на Ефтих.

Што можеме да научиме за Бог од случката со Ефтих?— Една работа е дека Јехова, нашиот небесен Татко, може да им го врати животот на оние што умреле, вклучувајќи ги и младите. Јехова те разбира и те сака, дури повеќе и од твоите родители. Кога бил на Земјата, Исус покажал каков Татко е Јехова со тоа што ги земал в прегратка малите дечиња и ги благословувал. И тој воскреснувал млади луѓе, како што било едно 12-годишно девојче.

Како се чувствуваш кога ќе помислиш на тоа дека твојот небесен Татко те сака?— Сигурно сме поттикнати да му возвратиме на Јехова така што ќе го сакаме и ќе го слушаме. Знаеш ли како можеме да покажеме дека го сакаме?— Еден начин е да му го кажеме тоа со зборови. Исус рекол: „Го сакам Таткото“. Но, Исус и со дела покажал дека го сака Бог.

Тој му бил послушен на Бог. „Секогаш го правам она што нему му е по волја“, рекол Исус. Ако и ние сакаме да им угодиме на Јехова и на неговиот Син, Исус, ќе дадеме сѐ од себе да останеме будни кога тоа ќе се бара од нас.

Прочитај во Библијата:

Дела 20:7-12

Лука 8:49-56

Јован 8:29; 14:31

[Фуснота]

a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.