Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

2. Бог не се интересира за нас — точно или не?

2. Бог не се интересира за нас — точно или не?

2. Бог не се интересира за нас — точно или не?

Што можеби мислиш: „Ако Бог се грижеше за луѓето, досега ќе ги отстранеше злото и страдањата во светот. Па дури и да се грижи за целото човештво, не му е важно што ми се случува мене“.

Што вели Библијата: Јехова Бог не го предизвикува злото (Јаков 1:13). Иако може да го отстрани злото во секое време, тој дозволува и понатаму да постои денешното расипано општество за да се даде одговор на спорните прашања покренати во почетокот на човечката историја. Сепак, еден ден тој ќе дејствува во корист на луѓето и ќе ја надомести штетата што ја направиле оние кои го отфрлаат неговото владетелство (1. Мојсеева 3:1-6; Исаија 65:17). a

Освен тоа што се грижи за луѓето општо земено, Бог е заинтересиран и се грижи и за секој поединец. Од зборовите запишани во Матеј 10:29-31 дознаваме дека тој кај нас забележува поединости за кои дури ни самите ние не сме свесни: „Не се продаваат ли две врапчиња за една паричка? А сепак ниту едно од нив не паѓа на земја без да знае вашиот Татко. А вам и секое влакно на главата ви е изброено. Затоа, не плашете се, вие сте повредни од многу врапчиња“.

Како може да ти помогне вистината: Обично ги избегнуваме луѓето што се груби или безобѕирни. Затоа, не е чудно што заради лагата дека Бог е бесчувствителен, многу луѓе не сакаат да го запознаат или, пак, му се молат само кога ќе се најдат во тесно. Фактот дека Јехова Бог е заинтересиран за нас може да те мотивира да научиш нешто повеќе за него и да му станеш близок пријател.

На пример, можеби си го молел Бог, но не си бил сигурен дали те слуша и дали одговора на твоите молитви. Библијата нѐ уверува дека оние што искрено го бараат можат во секое време да му се обратат на оној „што ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2).

Бог кажал дека можеме да ги ‚фрлиме сите свои грижи‘ кај него, зашто тој искрено се интересира за нас (1. Петрово 5:7). Можеме да бидеме сигурни дека се грижи за нас дури и кога сме многу вознемирени, бидејќи неговата Реч вели: „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18).

[Фуснота]

a Нешто повеќе за тоа зошто Бог ги допушта страдањата можеш да прочиташ во 11. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?

[Истакната мисла на страница 5]

Ако Бог не се интересира за нас, зошто ни вели да му се молиме?