Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

3. Бог е одмаздољубив — точно или не?

3. Бог е одмаздољубив — точно или не?

3. Бог е одмаздољубив — точно или не?

Што можеби мислиш: „Бог го памти секој грев и им враќа на луѓето со вечни маки во пеколот“.

„Бог ги казнува грешниците со природни катастрофи.“

Што вели Библијата: Во 2. Петрово 3:9 пишува дека Јехова „не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание“. Наместо да ги гледа само нашите грешки, тој се сосредоточува на добрите работи кај нас. „Јехова ја пребарува со своите очи целата земја за да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“ (2. Летописи 16:9).

Учењето за пекол нема библиска основа — самата помисла за вечно мачење му е одбивна на Бог. Најголемата казна за злите е тоа што нема да постојат (Еремија 7:31; Римјаните 6:7). А природните катастрофи, во кои животот го губат и добри и лоши луѓе, не се Божји дела туку непредвидени настани што можат да го погодат секого (Проповедник 9:11).

Како може да ти помогне вистината: Можеме да се зближиме со Бог ако сфатиме дека тој е ‚спремен да прости‘ и дека не ги осудува луѓето веднаш (Псалм 86:5). Не треба да му служиме на Бог од чувство на вина или од страв дека ќе нѐ казни. Наместо тоа, можеме да изградиме вера водени од најдобриот мотив — љубовта кон Јехова. Таквата љубов нѐ поттикнува да даваме сѐ од себе за да му угодиме (Матеј 22:36-38; 1. Јованово 5:3).

Иако Бог сака секој да ја врши неговата волја, тој знае дека мнозина никогаш нема да се променат. Ако не преземе нешто против оние што упорно постапуваат лошо, тој би бил ист како некој владетел што донесува закони без да ги спроведе, и со тоа дозволува да цветаат неправдите и страдањата засекогаш (Проповедник 8:11). Фактот дека Бог нема да дозволи злото да постои засекогаш ни влева сигурна надеж дека пред нас стои убава иднина. Бог ветил дека ќе ги уништи оние што упорно прават зло. Тогаш „кротките“ ќе живеат вечно на Земјата, како што имал намера во почетокот (Псалм 37:10, 11, 29). a

[Фуснота]

a Нешто повеќе за тоа како Бог ќе ја претвори Земјата во рај можеш да прочиташ во 3. и 8. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?

[Истакната мисла на страница 6]

Дали Бог сака да му служиме затоа што се плашиме од казна?

[Извор на слика на страница 6]

Резби од Doré