Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Важен ли е одговорот?

Важен ли е одговорот?

Важен ли е одговорот?

„Имав 10 години кога почнав да излегувам со момчиња. На почеток, само се држевме за рака и се бакнувавме. Но, со текот на времето почнавме да си ги допираме интимните органи и да експериментираме со разни сексуални активности. На 15 години се вработив и многу мажи на работното место ми предлагаа секс. Не сакав да ме сметаат за кукавица и затоа почнав да правам сѐ што правеа и другите. Толку сакав да бидам прифатена што одев сѐ подалеку со сексуалното експериментирање“ (САРА, * АВСТРАЛИЈА).

МОЖЕБИ ќе се изненадиш, но Сара пораснала во религиозно семејство. Нејзините родители се обиделе да ја воспитаат според библиските морални мерила. Сепак, Сара тргнала по друг пат.

Многумина не гледаат ништо лошо во она што го правела Сара. За нив, библиското гледиште за сексот едноставно е старомодно. За други, пак, нема ништо погрешно во тоа некој да е религиозен и во исто време да има лабав морал.

Важно ли е да знаеш што вели Библијата за сексот и да живееш според тоа? Светото писмо кажува дека е „вдахновено од Бог и корисно за поучување“ (2. Тимотеј 3:16). Ако веруваш дека Бог ги создал луѓето и дека Библијата е вдахновена од него, тогаш треба да знаеш што пишува во неа на оваа тема.

За жал, на мнозина не им е јасно каков е библискиот став за сексот. Верските водачи тврдат дека ја застапуваат Библијата, но шират противречни гледишта. Всушност, по ова прашање се поделени многу главни цркви на христијанството.

Наместо да ги слушаш другите, одвој време самиот да испиташ што вели Библијата на оваа тема. Во следната статија ќе бидат разработени десет прашања за библиското гледиште за сексот. Во неа ќе најдеш јасни одговори на сите нив. А во третата статија ќе дознаеш зошто е важно какви одлуки донесуваме.

[Фуснота]

^ пас. 2 Името е сменето.