Авраам — пример на понизност
Авраам — пример на понизност
Авраам седи во пријатната свежина на својот шатор за време на дневната жега. Кога го крева погледот, во далечината здогледува тројца луѓе. * Без да се колеба, им притрчува во пресрет и упорно ги моли да се одморат малку како негови гости. Им нуди „малку леб“, но наредува да им се подготви обилен ручек од свежо испечен леб, путер, млеко и највкусното, младо месо. Кога им го принесувал јадењето, Авраам покажал не само голема гостопримливост туку и, како што ќе видиме, вистинска понизност (1. Мојсеева 18:1-8).
ШТО Е ПОНИЗНОСТ? Понизниот човек не е горд или арогантен. Тој сфаќа дека секој во нешто е подобар од него (Филипјаните 2:3). Оној што е понизен прифаќа предлози и не му пречи да прави работи кои можеби не се толку ценети во очите на другите.
КАКО АВРААМ ПОКАЖАЛ ПОНИЗНОСТ? Авраам со задоволство им служел на другите. Како што беше спомнато во почетокот на статијава, само што ги здогледал тројцата луѓе, почнал да прави сѐ за да ги задоволи нивните потреби. Неговата жена, Сара, брзо почнала да приготвува јадење. Но, забележи кој исто така многу работел: Авраам отрчал да ги пресретне луѓето, тој ги поканил на ручек, тој отрчал во стадото и одбрал животно што ќе се зготви, и тој принел сѐ пред гостите. Наместо да им заповеда на слугите да ја завршат работата, овој понизен човек самиот направил сѐ што можел. Не сметал дека е под неговото достоинство да им служи на другите.
Авраам ги слушал предлозите на оние над кои имал авторитет. Во Библијата се запишани само неколку разговори што ги воделе Авраам и Сара. Сепак, во два од нив можеме да прочитаме дека 1. Мојсеева 16:2; 21:8-14). Во една од овие прилики, на Авраам ‚му било многу криво‘ поради она што го кажала Сара. Но, кога Јехова му рекол дека нејзиниот предлог е добар, Авраам понизно попуштил и постапил според него.
Авраам ја сослушал Сара и постапил според она што му го кажала (ШТО УЧИМЕ НИЕ? Ако сме вистински понизни, ќе ни биде чест да им служиме на другите. Ќе бидеме радосни што ќе можеме да правиме сѐ за другите да се чувствуваат убаво.
Исто така, покажуваме понизност и со начинот на кој реагираме на туѓите предлози. Наместо да отфрлиме некоја идеја само затоа што не е наша, ќе постапиме мудро ако ги прифатиме и предлозите на другите (Изреки 15:22). Тоа што ќе имаат отворен ум особено ќе им користи на оние што имаат извесна мера авторитет. „Сфатив дека еден добар надгледник создава атмосфера каде што другите не се плашат да си кажат што мислат“, вели еден искусен старешина, кој се вика Џон. Тој додава: „Треба да си понизен за да признаеш дека некој што го надгледуваш има подобар предлог како да се направи нешто. Никој, па дури ни еден надгледник, не е единствениот што има добри идеи“.
Ако се угледаме на Авраам со тоа што ќе ги слушаме предлозите на другите и ќе им правиме услуги што бараат понизност, ќе ја имаме наклоноста од Јехова. И да не заборавиме: „Бог им се спротивставува на вообразените, а им укажува незаслужена доброта на понизните“ (1. Петрово 5:5).
[Фуснота]
^ Иако во почетокот Авраам можеби не бил свесен за тоа, овие луѓе биле ангели кои Бог ги пратил да му пренесат важна порака (Евреите 13:2).