Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали сите „христијани“ навистина се христијани?

Дали сите „христијани“ навистина се христијани?

Дали сите „христијани“ навистина се христијани?

КОЛКУ христијани има во светот? Според еден атлас, нивниот број во 2010 год. изнесувал речиси 2,3 милијарди (Atlas of Global Christianity). Но, истиот атлас покажува дека тие христијани припаѓаат на повеќе од 41.000 деноминации — секоја со свои учења и правила на однесување. Соочени со ваквиот неверојатно голем број „христијански“ религии, сосема е разбирливо што некои се збунети, па дури и разочарани. Можеби се прашуваат: Дали сите што тврдат дека се христијани, навистина се христијани?‘

Да го погледнеме ова прашање од еден сосема друг агол. Од еден патник обично се бара да му каже на граничниот службеник какво државјанство има. Освен тоа, треба да го докаже својот идентитет приложувајќи некаков документ, на пример, пасош. И еден вистински христијанин мора да направи нешто повеќе отколку само да изјави дека верува во Христос. Треба да го потврди тоа и на други начини. Кои?

Зборот „христијанин“ почнал да се користи некаде по 44 год. од н.е. Библискиот историчар Лука напишал: „Во Антиохија учениците за првпат беа наречени христијани“ (Дела 11:26). Забележи дека оние што биле наречени христијани му биле ученици на Христос. Што значи да се биде ученик на Исус Христос? Во еден речник е дадено следново објаснување: „Да бидеш ученик на Исус значи безусловно да му го посветиш целиот свој живот.... сѐ до последниот здив“. Според тоа вистински христијанин е оној што потполно и безусловно ги следи учењата на Исус основачот на христијанството.

Можно ли е да се најдат такви верници меѓу многуте луѓе што денес се изјаснуваат како христијани? Што рекол самиот Исус по што ќе се препознаваат неговите вистински следбеници? Одговорот на овие прашања го наоѓаме во Библијата. Во следните статии ќе разгледаме пет изјави на Исус што ни откриваат кои се негови вистински следбеници. Ќе видиме како христијаните во првиот век покажале дека одговараат на тој опис. Исто така, ќе видиме и кои од оние што денес се изјаснуваат како христијани одговараат на истиот опис.