Катче за младите
Немој да бидеш амбициозен!
Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на ликовите. Живо претстави си ги настаните.
Главни ликови: Давид, Авесалом и Јоав.
Кратка содржина: Авесалом се обидува да го преземе престолот на својот татко.
АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 2. САМОИЛОВА 14:25-33; 15:1-17; 18:9-17, 30-33.)
Како си го замислуваш Авесалом? (Повторно прочитај 2. Самоилова 14:25, 26.)
Како се однесувал Авесалом и каков му бил тонот на гласот додека се обидувал да ги придобие срцата на луѓето што доаѓале да бараат правда кај царот? (Повторно прочитај 2. Самоилова 15:2-6.)
Што дознаваш за личноста на Авесалом од случката запишана во 2. Самоилова 14:28-30?
РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Што направил Авесалом за да седне на престолот? (Мала помош: Прочитај 2. Самоилова 13:28, 29. Амон бил најстариот син на Давид, па според тоа и наследник на престолот.)
И покрај својата амбиција и обидите да стекне слава за себе, како начинот на кој бил погребан Авесалом покажува каков бил навистина? (Повторно прочитај 2. Самоилова 18:17.)
Што мислиш, зошто Авесалом станал амбициозен? (За споредба прочитај што пишува за Диотреф во 3. Јованово 9, 10.)
3. Псалм, кој Давид го напишал во времето кога Авесалом се побунил.)
Како се чувствувал Давид поради постапките на Авесалом? (Мала помош: Прочитај гоИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...
опасноста од амбициозноста
болката што нечии постапки можат да ја предизвикаат кај другите, вклучувајќи ги и родителите
ДРУГИ ПОУКИ.
Како може да паднеш во замката да станеш амбициозен?
Што можеш да направиш за да не станеш претерано горд?
ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
Предлог: Замисли си поинаков крај на оваа случка! Што ќе се случело ако Авесалом бил скромен наместо амбициозен? (Изреки 18:12).