Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Читателите прашуваат...

Зошто некои луѓе не слават Божиќ?

Зошто некои луѓе не слават Божиќ?

Низ целиот свет, речиси две милијарди луѓе го слават Божиќ на 25-ти декември, додека најмалку 200 милиони други го слават роденденот на Исус Христос на 7-ми јануари. Сепак, има и милиони луѓе што одлучуваат воопшто да не го слават Божиќ. Зошто?

Една причина може да биде тоа што припаѓаат на религија која не е дел од христијанскиот свет. Можеби се Евреи, хиндуси, шинтоисти или, пак, нешто друго. Други, како атеистите, агностиците, слободоумните или секуларните хуманисти сметаат дека приказната за Божиќ е легенда.

Но, за изненадување е што и значителен број луѓе кои веруваат во Исус не ги држат божиќните обичаи. Зошто? Тие наведуваат најмалку четири причини.

Како прво: Веруваат дека Исус не бил роден ниту во декември ниту во јануари. Библијата не го кажува точниот датум на неговото раѓање. Во неа пишува само: „Во тој крај имаше и овчари кои живееја надвор и чуваа ноќна стража над своите стада. Одеднаш Јеховин ангел застана покрај нив и... ангелот им рече: ‚... Денес во Давидовиот град ви се роди Спасител — Христос, Господарот‘“ (Лука 2:8-11).

Фактите покажуваат дека Исус се родил некаде во почетокот на октомври, кога овчарите со своите стада сѐ уште ја минувале ноќта под ведро небо. Во околината на Витлеем најстудено е во декември и јануари. Во тој период, за да им биде топло ноќе, стадата се чуваат во затворено.

Како второ: Единствената прослава што Исус им заповедал на своите ученици да ја држат било одбележувањето на неговата смрт, а не на неговото раѓање, и тоа требало да се прави со едноставен заеднички оброк (Лука 22:19, 20). Освен тоа, во евангелијата според Марко и Јован воопшто не се спомнува Исусовото раѓање.

Трето: Нема никакви историски докази дека првите христијани го славеле раѓањето на Исус. Но, тие ја одбележувале неговата смрт (1. Коринќаните 11:23-26). Дури 300 години по раѓањето на Исус, официјално започнал да се празнува Божиќ на 25-ти декември. Интересно, во средината на 17 век, со одлука на Парламентот биле забранети божиќните прослави во Англија. Истото го направил и Основниот суд на Масачусетс во Соединетите Држави. Зошто? Во една книга пишува: „Ниту во Библијата ниту во историјата не наоѓаме докази дека Исус се родил на 25-ти декември“ (The Battle for Christmas). Таа додава дека, за пуританците, „Божиќ бил само еден пагански празник под превезот на христијанството“.

Тоа нѐ води до четвртата причина: Лошото потекло на самиот празник. Корените на Божиќ водат до паганскиот Рим и до празниците што Римјаните ги славеле во чест на богот на земјоделието, Сатурн, и богот на сонцето, Сол Инвиктус, или Митра. Антрополозите Кристијан Рач и Клаудија Милер-Ебелинг, автори на книгата Паганскиот Божиќ (Pagan Christmas), напишале: „Како и многу други претхристијански обичаи и верувања, на местото на старата свеченост во чест на годишното враќање на сонцето почнало да се слави раѓањето на Христос“.

Со оглед на сето ова, сфаќаш ли зошто вистинските христијани не го слават Божиќ?

Единствената прослава што Исус им заповедал на своите ученици да ја држат било одбележувањето на неговата смрт, а не на неговото раѓање