Нешто поубаво од Божиќ
МИЛИОНИ христијани избираат да не го слават Божиќ. Што мислат за одлуката што ја донеле? Сметаат ли дека пропуштаат нешто убаво? Дали на нивните деца им е ускратено нешто? Да видиме што велат во врска со тоа некои Јеховини сведоци од разни делови на светот.
Да се сеќаваме на Исус Христос: „Пред да станам Јеховин сведок ретко одев во црква. Ако одев, тоа беше само за Божиќ или за Велигден. Сепак, дури и тогаш, не мислев многу на Исус Христос. Повеќе не славам Божиќ, но двапати неделно одам на христијански состаноци, па дури и ги поучувам другите за она што го кажува Библијата во врска со Исус!“ (ИВ, АВСТРАЛИЈА).
Радоста од давањето: „Се радувам кога ќе добијам неочекуван подарок. Многу сакам изненадувања! Исто така, многу сакам да им направам картичка или да им нацртам нешто на другите затоа што на тој начин придонесувам да бидат посреќни, а тогаш сум посреќен и јас“ (РУБЕН, СЕВЕРНА ИРСКА).
Да им помагаме на другите: „Се чувствуваме убаво кога ќе им зготвиме нешто на оние што се болни. Понекогаш им носиме цвеќе, колачи или некој мал подарок за да ги израдуваме. Уживаме во тоа затоа што го правиме кога и да посакаме во текот на годината“ (ЕМИЛИ, АВСТРАЛИЈА).
Да бидеме со семејството: „Кога ќе се собереме како семејство, нашите деца се запознаваат со своите чичковци, тетки, баби, дедовци и братучеди во една опуштена атмосфера. Бидејќи не се собираме само на одредени датуми кога има празници, не сме под притисок и роднините знаат дека ги посетуваме затоа што ги сакаме“ (ВЕНДИ, КАЈМАНСКИ ОСТРОВИ).
Мир: „За време на божиќните празници има толку други работи на кои треба да се мисли што малкумина помислуваат на мир. Сега, откако знам што им ветува Библијата на луѓето, чувствувам големо олеснување. Јасно ми е дека моите деца ќе имаат среќна иднина“ (САНДРА, ШПАНИЈА).