ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА: ШТО УЧИМЕ ОД МОЈСЕЈ
Кој бил Мојсеј?
На што помислуваш кога ќе го чуеш името Мојсеј? Дали помислуваш на...
-
бебето кое мајка му го скрила во кошница и го пуштила во реката Нил?
-
момчето што во луксузни услови го одгледала фараоновата ќерка во Египет — но кое никогаш не заборавило дека е Израелец?
-
човекот кој 40 години бил пастир во Мадијам?
-
човекот што зборувал со Јехова * кај една грмушка што горела?
-
човекот што излегол пред фараонот на Египет и храбро побарал Израелците да бидат ослободени од ропство?
-
човекот кој, на заповед од Бог, ги најавил десетте неволји што требало да го снајдат Египет кога неговиот владетел му пркосел на вистинскиот Бог?
-
човекот кој ги водел Израелците при нивното излегување од Египет?
-
човекот на кого Бог му дал моќ да ги раздели водите на Црвеното Море?
-
човекот кој им ги пренел на Израелците Десетте заповеди од Бог?
МОЈСЕЈ ги доживеал сите овие работи, па дури и повеќе. Ништо чудно што овој верен човек е многу почитуван и од христијаните, и од Евреите и од муслиманите!
Нема никакво сомневање дека Мојсеј бил пророк кој правел „застрашувачки дела“ (5. Мојсеева 34:10-12). Тој допуштил Бог да го користи на еден величествен начин. Сепак, Мојсеј бил само обичен човек. Исто како пророкот Илија, кој се појавил крај Мојсеј во едно видение за време на Исусовата служба на Земјата, Мојсеј бил човек ‚кој имал исти чувства како и ние‘ (Јаков 5:17, фуснота; Матеј 17:1-9). Тој имал многу од проблемите што нѐ мачат и нас денес, и успешно ги пребродил.
Би сакал ли да знаеш како успеал во тоа? Сега ќе разгледаме три убави особини што ги покажал Мојсеј и ќе дознаеме што можеме да научиме од неговиот пример.
^ пас. 7 Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.