Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали ѝ се најважни парите?

Дали ѝ се најважни парите?

Естел * редовно одела в црква со своите деца. „Еден ден му реков на свештеникот дека сакам некој да ми помогне да ја разберам Библијата“, вели таа. Но, тој никогаш не се понудил да ѝ помогне. На крајот, Естел престанала да оди в црква. Таа продолжува: „По некое време свештениците од црквата ми пишаа и на некој начин како да ми рекоа дека, ако не можам да одам в црква, би можела барем да им испраќам пари. Си помислив: ‚Не им е гајле дали одам в црква, туку дали ќе им дадам пари‘“.

Анџелина, која отсекогаш била побожна, вели: „Во мојата црква послужавникот за прилози минуваше меѓу присутните трипати во текот на секоја богослужба, и се очекуваше секојпат да оставаме по нешто во него. Постојано ни бараа пари. Си помислив: ‚Бог не е со овие луѓе‘“.

Дали религиите во твоето место на некаков начин изнудуваат пари од луѓето? Дали тоа е во склад со Библијата?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА?

Исус, кој го основал христијанството, рекол: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8). Библиската вистина нема цена и не може да се купи со пари. Затоа, секој што сака, треба бесплатно да ја чуе.

Како првите христијани ги покривале трошоците за одржување на нивните собири?

Секој приложувал колку што „одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Коринќаните 9:7). Апостол Павле напишал: „Додека ви ја проповедавме Божјата добра вест, работевме ден и ноќ, за да не му бидеме товар никому од вас“ (1. Солуњаните 2:9). Павле изработувал шатори за да се издржува додека им проповеда на луѓето (Дела 18:2, 3).

КАКО СЕ ФИНАНСИРААТ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ?

Јеховините сведоци обично одржуваат состаноци во скромни објекти наречени Сали на Царството. Како ги подмируваат трошоците? На нивните состаноци никогаш не кружи послужавник за да се соберат прилози ниту, пак, на некој други начин се измолуваат донации. Наместо тоа, сите што ја ценат програмата на состаноците, можат неупадливо да пуштат пари во кутијата за прилози што се наоѓа во Салата на Царството.

Како треба да се финансира религијата?

Јасно е дека се потребни пари за ова списание да излезе од печат и да стигне во рацете на читателите. Сепак, на неговите страници нема никакви реклами ниту молби за прилози. Целта е да им се пренесе библиската вистина на луѓето.

Што мислиш, дали овој начин на финансирање е во склад со она што го кажал Исус и во склад со примерот на првите христијани?

^ пас. 2 Некои имиња во овие статии се сменети.