Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Има ли надеж за мртвите?

Смртта е како спиење во таа смисла што мртвите не се свесни за ништо и не можат да направат ништо. Но, Оној што нѐ создал може повторно да им го врати животот со тоа што ќе ги воскресне. За да докаже дека навистина ќе го стори тоа, Бог му дал моќ на Исус да воскресне неколку луѓе кои биле мртви. (Прочитај Проповедник 9:5; Јован 11:11, 43, 44.)

Во која смисла смртта е како спиење?

Бог ветил дека нема да ги заборави оние што починале и дека ќе ги воскресне во еден праведен нов свет. Само Бог може да им го врати животот на мртвите и тоа во време што го одредил лично тој. Семоќниот Бог копнее да ги воскресне оние што починале. (Прочитај Јов 14:14, 15.)

Какво ќе биде воскресението?

Кога Бог ќе ги воскресне луѓето, тие ќе можат да се препознаат себеси, своите пријатели и своите семејства. Иако телото на оној што починал е распаднато, Бог може да ја воскресне истата личност со ново тело. (Прочитај 1. Коринќаните 15:35, 38.)

Само мал број луѓе воскреснуваат за да живеат на небото (Откровение 20:6). Поголемиот број воскреснати ќе живеат во рај на Земјата. Тие ќе добијат можност да живеат вечно. (Прочитај Псалм 37:29; Дела 24:15.)