Одговор на библиски прашања
Која е целта на Христовото враќање?
Пред да се вознесе на небото во 33 год. од н.е., Исус Христос ветил дека ќе се врати. Себеси се споредил со благородник кој заминал на подолго време и подоцна се вратил со овластување да владее како цар. Исус требало да се врати со цел да воспостави една добра влада. (Прочитај Лука 19:11, 12.)
Исус ќе владее праведно со човештвото
Дали Христос повторно ќе се врати на Земјата како човек? Библијата вели дека тој бил воскреснат како невидливо духовно суштество (1. Петрово 3:18). Потоа отишол на небото и седнал од десната страна на Бог (Псалм 110:1). По долго време, застанал пред Јехова Бог, „Прадревниот“, кој му дал власт над луѓето. Според тоа, Исус нема да се врати како човек, туку како невидлив Цар. (Прочитај Даниел 7:13, 14.)
Што ќе направи Исус кога ќе пристигне?
Кога ќе пристигне како Цар заедно со своите ангели, Исус ќе им суди на луѓето. Злобните ќе ги уништи, а оние што ја прифаќаат неговата власт ќе ги награди со вечен живот. (Прочитај Матеј 25:31-33, 46.)
Кога Исус ќе владее како Цар над Земјата, таа ќе стане рај. Исус ќе ги воскресне мртвите за да живеат во тој рај. (Прочитај Лука 23:42, 43.)