Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СМРТТА Е КРАЈ НА СЀ?

Вековната битка на луѓето против смртта

Вековната битка на луѓето против смртта

ЦАРОТ ЧИН ШИ ХУАНГ

ИСТРАЖУВАЧОТ ПОНСЕ ДЕ ЛЕОН

Смртта е суров непријател. Со сите сили се бориме против неа. Кога ќе изгубиме некој од нашите најблиски, можеби ни е тешко да ја прифатиме реалноста. Или, додека сме млади, си мислиме дека овој непријател никогаш нема да тропне на нашата врата.

Во минатото, фараоните правеле сѐ што можеле за да бидат бесмртни. Најголемиот дел од својот живот, како и животот на илјадници нивни работници, го потрошиле обидувајќи се да ја победат смртта. Пирамидите се нем сведок за нивните макотрпни обиди, кои на крај се покажале неуспешни.

И кинеските цареви се обидувале да ја откријат тајната на бесмртноста, но на поинаков начин — преку „еликсир на животот“. Царот Чин Ши Хуанг им наредил на своите алхемичари да му направат магичен напиток кој ќе му го продолжува животот. Но, многу од напитоците што ги направиле содржеле големо количество жива и најверојатно еден од нив го отрул.

Се вели дека во 16 век, шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон пловел низ Карибите во потрага по „изворот на младоста“. За време на тоа патување ја открил државата Флорида (САД), но умрел неколку години подоцна во еден судир со староседелците. Како и да е, никогаш не бил пронајден никаков „извор на младоста“.

Фараоните, царевите и истражувачите со сите сили се стремеле да ја победат смртта. Можеби начинот на кој сакале да го постигнат тоа ни изгледа смешен, но кој од нас не би сакал да си го продолжи животот? Длабоко во себе секој човек има желба да живее.

МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ПОБЕДИ СМРТТА?

Зошто никој од нас не сака да умре? Библијата ни го открива одговорот. Во врска со нашиот Творец, Јехова Бог, * во неа пишува: „Тој направил сѐ да е убаво во свое време. Дури и вечноста им ја ставил на луѓето  в срце“ (Проповедник 3:11). Кој не би сакал да ужива во убавините на Земјата засекогаш, а не само 80-тина години? (Псалм 90:10). Секој човек во срцето копнее по тоа.

Зошто Бог ја ставил „вечноста“ во нашите срца? Дали го направил тоа само за да се измачуваме? Воопшто не. Бог ни ветува дека на смртта ќе ѝ дојде крај. Во Библијата често се зборува дека смртта ќе биде искоренета и дека Бог ќе им даде вечен живот на луѓето. (Види ја рамката  „Победа над смртта“.)

Исус Христос јасно рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Значи, борбата против смртта не е осудена на неуспех. Но, Исус рекол дека само Бог може да го победи нашиот најголем непријател — смртта.

^ пас. 9 Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.