Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СИ МУ ВАЖЕН НА БОГ?

Бог те разбира

Бог те разбира

„Јехова, ти проникна во мојата внатрешност и ме познаваш“ (ПСАЛМ 139:1)

„Твоите очи ме видоа додека бев зародок“ (ПСАЛМ 139:16)

ЗОШТО НЕКОИ СЕ СОМНЕВААТ ВО ТОА: Многумина мислат дека Бог гледа на луѓето како на обични грешници — нечисти и недостојни да им обрне внимание. Кендра од САД, која имала клиничка депресија, многу се обвинувала себеси затоа што не можела совршено да ги исполни Божјите барања. Како последица на тоа, престанала да се моли.

ШТО ВЕЛИ БОЖЈАТА РЕЧ: Јехова гледа зад твоите маани и многу добро знае каква личност си. Во Библијата пишува: „Тој добро ја познава нашата градба, си спомнува дека сме прав“. Освен тоа, „не постапува со нас според нашите гревови“, туку милостиво ни простува кога се каеме (Псалм 103:10, 14).

Да се потсетиме на Давид, израелскиот цар што го спомнавме во првата статија. Кога го молел Бог, тој рекол: „Твоите очи ме видоа додека бев зародок, во твојата книга сите негови делови беа запишани... Проникни во мојата внатрешност, о Боже, и запознај го срцето мое“ (Псалм 139:16, 23). Давид бил уверен дека, иако направил гревови — па дури и многу сериозни — Јехова можел да види дека искрено се кае.

Јехова те разбира подобро од кој и да е човек. „Човекот го гледа она што го гледаат очите, а Јехова го гледа она што е во срцето“, пишува во Библијата (1. Самоилова 16:7). Бог знае што те прави таков каков што си — ги знае наследните фактори, твоето детство, средината во која живееш и твојот карактер. Тој гледа дека се трудиш да бидеш добра личност и го цени тоа, иако правиш и грешки.

Бог длабоко те познава. Но, на кој начин го користи тоа за да те утеши?