Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | МОЖЕШ ДА БИДЕШ БЛИЗОК СО БОГ

Дали го знаеш и користиш Божјето име?

Дали го знаеш и користиш Божјето име?

Дали имаш некој близок пријател на кој не му го знаеш името? Веројатно не. Ирина од Бугарија со право рекла дека „не е можно да бидеш близок со Бог ако не знаеш како се вика“. Сепак, како што спомнавме во претходната статија, Бог сака да бидеш близок со него. Затоа, преку Библијата, тој ти се претставил со зборовите: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“ (Исаија 42:8).

Преку Библијата, Бог ти се претставил со зборовите: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“ (Исаија 42:8).

Дали на Јехова му е важно да го знаеш и да го користиш неговото име? Размисли за следново: Божјето име, испишано со четирите хебрејски согласки познати како тетраграм, се појавува во изворниот текст на Хебрејските списи речиси 7.000 пати. Тоа е многу почесто од кое и да е друго име спомнато во Библијата. Ова е јасен доказ дека Јехова сака да го знаеме и да го користиме неговото име. *

Едно пријателство обично започнува со тоа што секој ќе си го каже своето име. Дали знаеш како се вика Бог?

Освен тоа, некои сметаат дека, затоа што Бог е свет и семоќен, не би покажале почит кон него ако го користиме неговото име. Се разбира, би било погрешно да го користиме Божјето име на недостоен начин, исто како што не би било во ред да го спомнуваме името на некој наш близок пријател без почит. Меѓутоа, самиот Јехова бара оние што го сакаат да покажуваат почит кон неговото име и да им го кажуваат на другите (Псалм 69:30, 31; 96:2, 8). Сети се дека Исус ги поучил своите ученици да се молат: „Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое“. И ние можеме да го светиме Божјето име со тоа што ќе им го кажуваме на другите. Така ќе станеме поблиски со него (Матеј 6:9).

Од Библијата дознаваме дека Бог им обрнува посебно внимание на оние „што размислуваат за неговото име“ (Малахија 3:16). За секој што го прави тоа Јехова ветува: „Ќе го заштитам, бидејќи го познава моето име. Тој ќе ме повика, и јас ќе го услишам. Со него ќе бидам во неволја“ (Псалм 91:14, 15). Ако сакаме да бидеме блиски со Бог, многу е важно да го знаеме и да го користиме неговото име.

^ пас. 4 За жал, многу библиски преведувачи не го користат Божјето име во своите преводи, иако тоа се појавува толку често во Хебрејските списи, познати и како Стар Завет. Наместо тоа, тие го замениле Божјето име со титули, како што се „Господ“ или „Бог“. Нешто повеќе на оваа тема можеш да прочиташ на страници 195-197 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.