РАЗГОВОР НА БИБЛИСКИ ТЕМИ
Зошто да ја читаме Библијата?
Следи типичен разговор на еден Јеховин сведок со некој станар. Да речеме дека Зоран, кој е Јеховин сведок, разговара со еден човек по име Ненад.
БИБЛИЈАТА — ИСТОРИСКИ ТОЧНА КНИГА
Ненад: Да Ви кажам, јас не сум некој голем верник. Мислам дека нема многу за што да зборуваме.
Зоран: Фала на искреноста. Инаку, јас сум Зоран.
Ненад: Ненад.
Зоран: Мило ми е. Ненад, може ли да те прашам нешто? Дали си растел во религиозно семејство?
Ненад: Да, моите родители се религиозни. Ама откако си заминав од дома и се запишав на факултет, јас некако изгубив интерес за религија.
Зоран: А што студираш?
Ненад: Општествени науки и историја. Отсекогаш ме интересирала историјата, сѐ што се случувало низ времето.
Зоран: Точно, историјата е многу интересна. Можеби знаеш дека и Библијата е историска книга. Дали си имал прилика да ја читаш?
Ненад: Па, не баш. Знам дека е добра книга, но никогаш не сум ја сметал за историска книга.
Зоран: Ако имаш малку време, би можел да ти посочам неколку примери од Библијата што потврдуваат дека таа е историски точна книга.
Ненад: Ајде.
Зоран: Првиот пример е запишан овде, во 1. Летописи, поглавје 29, стихови 26 и 27. Тука пишува: „Така Давид, синот на Јесеј, владееше над целиот Израел. Четириесет години владееше над Израел. Во Хеврон владееше седум години, а во Ерусалим владееше триесет и три години“.
Ненад: Добро...
Зоран: Некое време, критичарите тврделе дека цар Давид никогаш не постоел.
Ненад: Зошто?
Зоран: Затоа што освен во Библијата, немало многу други докази дека тој бил вистинска личност. Но, во 1993 год., еден тим археолози открил камен од старо време на кој пишувало „Давидовиот дом“.
Ненад: А-ха, сфаќам.
Зоран: Една друга личност од Библијата за која имало сомневања дека постоела е Понтиј Пилат, управител од времето на Исус. Овде, во Лука, поглавје 3, стих 1, меѓу другите имиња е спомнато и неговото. Можеш и самиот да видиш ако сакаш.
Ненад: Може. Овде пишува: „Понтиј Пилат беше управител на Јудеја, и Ирод тетрарх на Галилеја“.
Зоран: Така. Некои изучувачи со години тврделе дека Понтиј Пилат никогаш не
постоел. Но, пред педесеттина години, на Блискиот Исток бил пронајден камен на кој било изрезбано неговото име.Ненад: Интересно. Првпат слушам за овие работи.
Зоран: Тогаш, мило ми е што имавме прилика да поразговараме.
Ненад: Види, јас отсекогаш сум ја ценел Библијата како литературно дело. И верувам дека содржи точни историски извештаи. Ама, да бидам искрен, не можам да ја поврзам со денешново време.
БИБЛИЈАТА — СТАРА КНИГА ЗА МОДЕРНО ВРЕМЕ
Зоран: И други го велат тоа. Но, не е баш така. Ако размислиме, основните човечки потреби се исти уште од почетокот на човечката историја. На пример, на луѓето отсекогаш им требало храна, облека и кров над главата. Отсекогаш имале потреба да комуницираат и да имаат среќно семејство. Зарем не е така?
Ненад: Да, така е.
Зоран: Библијата може да ни помогне во сите тие аспекти од животот. Слободно може да се каже дека таа е стара книга за модерно време.
Ненад: Во која смисла?
Зоран: Библијата содржи совети кои, иако биле напишани пред многу векови, се исто толку практични денес како што биле и тогаш.
Библијата содржи совети кои, иако биле напишани пред многу векови, се исто толку практични денес како што биле и тогаш
Ненад: На пример?
Зоран: Па, во Библијата можеме да најдеме совети за тоа како да имаме урамнотежено гледиште за парите, како да имаме среќно семејство и како да стекнеме вистински пријатели. Оваа книга е како мапа што го покажува патот до успехот. На пример, веројатно ќе се согласиш дека во денешно време е сѐ потешко да се има успешен брак.
Ненад: Апсолутно. Еве јас сум една година во брак и искрено, некогаш е многу тешко да најдеме заеднички јазик со жена ми.
Зоран: Те разбирам. Но, во Библијата има едноставни совети што даваат успешни резултати. Да го земеме за пример она што е запишано во Ефешаните, поглавје 5, стихови 22, 23 и 28. Можеш самиот да ги прочиташ ако сакаш.
Ненад: Добро. „Жените нека им бидат подложни на своите мажи како на Господарот, зашто мажот е глава на жената како што е и Христос глава на собранието — тој, спасителот на тоа тело“. А под 28 пишува: „Така и мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела. Кој ја сака својата жена, се сака самиот себе“.
Зоран: Фала. Ако и мажот и жената се трудат да го применат овој едноставен совет, ќе имаат посреќен семеен живот, нели?
Ненад: Претпоставувам. Ама тоа е многу полесно да се каже отколку да се направи.
Зоран: Во право си. За жал, сите грешиме. Ама затоа во истово поглавје Библијата нѐ советува да имаме разумни очекувања. * И мажот и жената треба да бидат спремни да попуштат. Мене и на жена ми овој совет многу ни помага.
Ненад: Верувам, добар совет е.
Зоран: Јеховините сведоци имаат интернет-страница на која можеш да најдеш и други корисни совети за бракот. Ако сакаш, можам накратко да ти покажам како изгледа таа.
Ненад: Може.
Зоран: Адресата е www.pr418.com/mk. Еве ја почетната страница.
Ненад: Убава слика.
Зоран: Да. Тука се појавуваат слики од проповедничкото дело што го вршиме низ целиот свет. А, еве го тоа што го барам — делот со наслов „Брачни двојки и родители“. Овде има неколку
кратки статии за различни ситуации во бракот. Има ли некоја што те интересира?Ненад: Еве оваа: „Како да ги решиме проблемите“.
Зоран: Статијата наведува четири чекори кои можат да ни помогнат да ги решиме проблемите. Би сакал да го прочиташ овој пасус?
Ненад: Нема проблем. „Ако разговорот е крвотокот во бракот, тогаш љубовта и меѓусебната почит можат да се споредат со срцето и белите дробови.“ Хм, добро кажано.
Зоран: Овде има и еден библиски стих. Ако кликнеш на него, ќе се отвори.
Ненад: А-ха, Ефешаните 5:33. „Значи, така и секој од вас да ја сака својата жена како самиот себе, а жената длабоко да го почитува својот маж.“
Зоран: Дали забележа колку е важно човек да го дава она што очекува да го добие?
Ненад: На што конкретно мислиш?
Зоран: Претпоставувам ќе се согласиш дека секој маж сака жената да го почитува, а жената, пак, сака мажот да ѝ покажува дека ја сака.
Ненад: Да.
Зоран: Ако мажот често наоѓа начин да ѝ покаже на жената дека ја сака, зар нема да ѝ биде полесно да го почитува?
Ненад: Би требало да е така.
Зоран: Овие зборови од Библијата биле запишани пред речиси 2.000 години, а сепак многу добро ги опишуваат потребите и на двајцата брачни другари. Ако го примениме овој совет, сигурно ќе има добри резултати. Како што прочитавме пред малку, „срцето и белите дробови“ на бракот ќе бидат здрави.
Ненад: Мора да признаам дека досега сум имал поинаква претстава за Библијата.
Зоран: Тогаш мило ми е што поразговаравме, Ненад. Би сакал повторно да се видиме на истово место за да слушнам што мислиш и за останатиот дел од оваа статија. Тој има поднаслов „Четири чекори што ќе помогнат да се решат проблемите“. Статијата лесно можеш да ја најдеш на нашата интернет-страница. *
Ненад: Важи. Ќе ја погледнеме заедно со жена ми.
Дали имаш прашање за кое сакаш да дознаеш каков одговор дава Библијата? Дали сакаш да дознаеш нешто повеќе за Јеховините сведоци и нивните верувања? Тогаш, следниот пат кога ќе сретнеш некој од нив, слободно прашај го сѐ што те интересира. Сигурно со задоволство ќе ти одговори.
^ пас. 41 Види Ефешаните 5:17.
^ пас. 61 Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 14 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.