Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Можеме ли да ја дознаеме вистината за Бог?

Зошто Бог сака да ја знаеме вистината? (Прочитај Јован 17:3.)

Бог отсекогаш комуницирал со човештвото. Преку својот свет дух, односно силата со која се служи, тој ги водел писателите на Библијата да ги запишат неговите мисли (2. Петрово 1:20, 21). Значи, ако ја читаме Библијата, ќе ја дознаеме вистината за Бог. (Прочитај Јован 17:17; 2. Тимотеј 3:16.)

Во Библијата, Бог открива многу работи за себе. Тој ни кажува од која причина нѐ создал, што ќе направи за нас и каков живот сака да живееме (Дела 17:24-27). Јехова Бог сака да ја знаеме вистината за него. (Прочитај 1. Тимотеј 2:3, 4.)

Зошто Бог ги привлекува кон себе оние што ја сакаат вистината?

Јехова е Богот на вистината. Тој го испратил својот Син, Исус, да ги поучи луѓето за вистината. Според тоа, оние што ја сакаат вистината се привлечени кон Исус (Јован 18:37). Бог сака такви луѓе да му служат. (Прочитај Јован 4:23, 24.)

Сатана Ѓаволот успеал да спречи многу луѓе вистински да го запознаат Бог со тоа што шири лажни учења за него (2. Коринќаните 4:3, 4). На луѓето кои не го сакаат она што е добро им се допаѓаат таквите учења (Римјаните 1:25). Сепак, милиони искрени лица ја дознаваат вистината за Бог со тоа што ја проучуваат Библијата. (Прочитај Дела 17:11.)