Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

1-7 април

ПСАЛМИ 23 — 25

1-7 април

Песна 4 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. „Јехова е мојот Пастир“

(10 мин.)

Јехова нѐ води (Пс 23:1-3; w11 1/5 31, пас. 3)

Јехова нѐ штити (Пс 23:4; w11 1/5 31, пас. 4)

Јехова нѐ храни (Пс 23:5; w11 1/5 31, пас. 5)

Јехова се грижи за своите слуги исто како што еден пастир со љубов се грижи за своите овци.

ПРАШАЈ СЕ: „Како Јехова се грижи за мене лично?“

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 23:3 — Што значи изразот „праведни патеки“, и што ќе ни помогне да не скршнеме од нив? (w11 15/2 24, пас. 1-3)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Сподели охрабрувачки библиски стих со лице кое ти кажало дека е загрижено за животната средина. (lmd лекција 2: точка 5)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покажи му на некој што ја зел брошурата Радувај му се на животот засекогаш како изгледа еден библиски курс. (lmd лекција 9: точка 3)

6. Водење библиски курсеви

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 54

7. Ние не го слушаме гласот на туѓинците

(15 мин.) Дискусија.

Овците го познаваат гласот на својот пастир и го следат. Од друга страна, тие бегаат од туѓинец чиј глас не го познаваат (Јвн 10:5). Слично на тоа, и ние го слушаме гласот на нашите духовни пастири, Јехова и Исус, кои многу нѐ сакаат и се достојни за доверба (Пс 23:1; Јвн 10:11). Но, не го слушаме гласот на туѓинците кои користат „измамливи зборови“ за да ја ослабнат нашата вера (2Пе 2:1, 3).

Во 1. Мојсеева поглавје 3 е запишана ситуацијата кога за првпат на Земјата бил слушнат гласот на еден туѓинец. Сатана не ѝ кажал на Ева кој навистина е тој, и така ја измамил. Се преправал дека ѝ е пријател и ги извртел Јеховините зборови и мотиви. За жал, Ева го послушала и тоа водело до ужасни последици за неа и за нејзиното семејство.

Денес, Сатана се обидува да ни посее сомнежи за Јехова и за неговата организација така што шири негативни извештаи, полувистини и отворени лаги. Кога ќе слушнеме глас на туѓинец, треба да бегаме. Ако го слушаме тој глас дури и само кратко од љубопитност, тоа е опасно. Не биле потребни многу зборови за Сатана да ја измами Ева (1Мо 3:1, 4, 5). А што ако некој кого го познаваме — некој што нѐ сака и има добри намери — сака да ни каже нешто негативно за Јеховината организација?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Бегај од гласот на туѓинците. Потоа, прашај ги присутните:

Што учиме од начинот на кој Џејд постапи со својата мајка која сакаше да ѝ пренесе негативни информации за Јеховината организација?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 55 и молитва