Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

18-24 март

ПСАЛМИ 19 — 21

18-24 март

Песна 6 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. „Небесата ја објавуваат Божјата слава“

(10 мин.)

Творештвото на Јехова ја објавува неговата слава (Пс 19:1; w04 1/1 8, пас. 1-2)

Нашето Сонце е чудесно создадено (Пс 19:4-6; w04 1/6 10-11, пас. 8-10)

Треба да учиме од творештвото на Бог (Мт 6:28; km 3/12 5, пас. 4)


ПРЕДЛОГ ЗА СЕМЕЈНАТА ВЕЧЕР: Набљудувајте ги Јеховините созданија, а потоа разговарајте што учите од нив за Јехова.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 19:7, 11 — Како може да ни користи Јеховиниот закон? (w22.3 4, пас. 10)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Понуди му некому покана за Спомен-свеченост, и со помош на jw.org најди информации за тоа каде и кога ќе се одбележи овој настан во негова близина. (lmd лекција 2: точка 3)

5. Започнување разговори

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Изрази му добредојде на некој што дошол на Спомен-свеченоста бидејќи му била оставена покана на вратата. Одговори му на прашањата што ги има или договори се повторно да се видите за да му дадеш одговор. (lmd лекција 3: точка 4)

6. Објасни ги своите верувања

(5 мин.) Говор. ijwfq 45 — Тема: Зошто Јеховините сведоци ја одбележуваат Господаровата вечера поинаку од другите религии? (th лекција 6)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 141

7. Зајакни си ја верата со помош на творештвото

(15 мин.) Дискусија. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ. Потоа, прашај ги присутните:

Како творештвото ти ја зајакнува верата во Творецот?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 127 и молитва