Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

29 април — 5 мај

ПСАЛМИ 34 — 35

29 април — 5 мај

Песна 10 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. „Ќе го благословувам Јехова во секое време“

(10 мин.)

Давид го благословувал Јехова дури и кога доживувал тешкотии (Пс 34:1; w07 1/3 22, пас. 11)

Давид се гордеел со Јехова, а не со себеси (Пс 34:2-4; w07 1/3 22, пас. 13)

Зборовите со кои Давид го фалел Јехова им ја зајакнале верата на оние што биле со него (Пс 34:5; w07 1/3 23, пас. 15)

Откако се спасил од Ахис, односно Авимелех, на Давид во пустината му се придружиле 400 мажи кои биле огорчени на Саул (1Са 22:1, 2). Можеби Давид ги имал на ум овие мажи кога го составил овој псалм (Пс 34, натпис).

ПРАШАЈ СЕ: „Како можам да го славам Јехова кога ќе разговарам со некого на следниот собраниски состанок?“

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 35:19 — Што сакал да каже Давид кога се молел да не намигнуваат со очите оние што го мразат? (w06 15/5 20, пас. 2)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Разговорот завршува пред да успееш да дадеш сведоштво. (lmd лекција 1: точка 4)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. (lmd лекција 2: точка 4)

6. Објасни ги своите верувања

(5 мин.) Приказ. lff лекција 44: точки 1-3 — Тема: Како Јеховините сведоци одредуваат дали е исправно да слават некој празник? (th лекција 17)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 59

7. Три начини на кои можеме да го славиме Јехова на состаноците

(15 мин.) Дискусија.

На собраниските состаноци имаме извонредни можности да го славиме Јехова. Да разгледаме три од нив.

Разговори: Зборувај за тоа колку е добар Јехова кога разговараш со другите (Пс 145:1, 7). Дали си слушнал или си прочитал некоја конкретна мисла која ти користела? Дали си имал некое убаво искуство во службата? Дали некој кажал или направил нешто со кое те охрабрил? Дали си забележал нешто во творештвото што особено те воодушевило? Сите овие работи се дар од Јехова (Јк 1:17). Ако доаѓаш малку порано на состаноците, ќе имаш време да разговараш со другите.

Коментари: Труди се да дадеш барем еден коментар на секој состанок (Пс 26:12). Би можел да дадеш директен одговор на прашањето, да коментираш за некоја додатна мисла во пасусот, за некој библиски стих, за некоја слика или за тоа како може да ги примениме поуките. Бидејќи и други веројатно ќе креваат рака во исто време, подготви си неколку коментари. Доколку нашите коментари се 30 секунди или помалку, повеќемина ќе имаат можност да му принесат на Бог „жртва на фалба“ (Ев 13:15).

Песни: Пеј ги теократските песни од срце и со воодушевеност (Пс 147:1). Можеби нема да добиеш можност да коментираш на секој состанок, особено ако си во големо собрание, но секогаш имаш можност да учествуваш во пеењето на песните. Дури и ако мислиш дека не пееш добро, Јехова многу ќе се радува ако го даваш своето најдобро (2Ко 8:12). Може да се подготвиш така што ќе ги вежбаш песните дома.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Нашата динамична историја — пеењето е дар (дел 1). Потоа, прашај ги присутните:

Како во минатото нашата организација покажала дека е важно да му се пеат фалби на Јехова?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Новата песна за конгресот за 2024 и молитва