Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

4-10 март

ПСАЛМИ 16 — 17

4-10 март

Песна 111 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. „Јехова е дел од наследството мое“

(10 мин.)

Пријателството со оние што му служат на Јехова ни причинува радост (Пс 16:2, 3; w18.12 26, пас. 11)

Добриот однос со Јехова ни носи голема радост (Пс 16:5, 6; w14 15/2 29, пас. 4)

Духовната заштита што ни ја пружа Јехова ни помага да се чувствуваме сигурно (Пс 16:8, 9; w08 15/2 3, пас. 2-3)

Исто како Давид, и ние водиме исполнет живот бидејќи најважно ни е да му служиме на Јехова, кој е дел од нашето наследство.

ПРАШАЈ СЕ: „Како мојот живот стана подобар откако ја прифатив вистината?“

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 17:8 — Што значи изразот „зеницата на окото“? (it-2-E 714)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(1 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди покана за Спомен-свеченост. (th лекција 11)

5. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди покана за Спомен-свеченост. Откако лицето ќе покаже интерес, воведи го видеоклипот Сеќавај се на смртта на Исус Христос и дискутирајте за него. (th лекција 9)

6. Започнување разговори

(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Понуди покана за Спомен-свеченост. (th лекција 2)

7. Водење библиски курсеви

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 20

8. Како може да се подготвиме за Спомен-свеченоста?

(15 мин.) Дискусија.

Од послушност кон Исусовата заповед, во недела, 24 март, ќе ја одбележиме годишнината од смртта на Исус со што ќе се потсетиме на двата најголеми изрази на љубов во историјата (Лк 22:19; Јвн 3:16; 15:13). Како може да се подготвиме за овој посебен настан?

  • Ревносно учествувај во акцијата за да ги поканиш луѓето на специјалното предавање и на Спомен-свеченоста. Направи список со лица кои би сакал да ги поканиш. Ако некој не живее на твоето подрачје, оди на jw.org за да ги дознаеш времето и местото на одржување на овие настани во негова близина.

  • За време на март и април, учествувај во службата на проповедање во зголемена мера. Би можел ли да бидеш помошен пионер со 15 или 30 часа?

  • На 18 март, почни да читаш за важните настани што се случиле во текот на последната седмица од животот на Исус на Земјата. Можеш да одлучиш колку материјал да читаш секој ден според „Распоредот за читање на Библијата за Спомен-свеченоста за 2024“, кој се наоѓа на страници 6-7.

  • На денот на Спомен-свеченоста гледај ја посебната утринска програма на jw.org.

  • На Спомен-свеченоста изрази им срдечно добредојде на новите лица и на неактивните. По состанокот, кажи им дека слободно може да те прашаат ако нешто ги интересира. Договори се да ги посетиш за да им помогнеш да дознаат нешто повеќе.

  • Пред и по Спомен-свеченоста, длабоко размислувај за откупнината.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Сеќавај се на смртта на Исус Христос. Потоа, прашај ги присутните:

Како може да го користиме овој видеоклип за време на акцијата за Спомен-свеченоста?

9. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 73 и молитва