Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

8-14 април

ПСАЛМИ 26 — 28

8-14 април

Песна 34 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Како Давид ја зајакнал својата решеност да му остане верен на Јехова

(10 мин.)

Давид го молел Јехова да го пречисти (Пс 26:1, 2; w04 1/12 14, пас. 8-9)

Давид избегнувал лошо друштво (Пс 26:4, 5; w04 1/12 15-16, пас. 12-13)

Давид многу сакал да го обожава Јехова (Пс 26:8; w04 1/12 16, пас. 17-18)


Иако направил грешки, Давид му служел на Јехова „со чисто срце“ (1Ца 9:4). Неговата верност се гледала од тоа што му бил потполно оддаден на Јехова и од тоа што многу го сакал.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 27:10 — Како овој стих може да нѐ утеши кога имаме чувство дека блиските нѐ напуштиле? (w06 15/7 28, пас. 15)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(2 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Користи некој трактат од нашите главни публикации за служба. (th лекција 3)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Разговарајте со лицето за прашањето од последната страница од трактатот што си му го оставил претходниот пат. Покажи му ја интернет-страницата jw.org и посочи му некоја содржина што ја има таму. (lmd лекција 9: точка 3)

6. Говор

(5 мин.) lmd додаток А: точка 3 — Тема: Животната средина на Земјата ќе биде обновена. (th лекција 13)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 128

7. Тинејџери кои остануваат чисти во морален поглед

(15 мин.) Дискусија.

Младите кои му служат на Јехова мора силно да се напрегаат за да останат чисти во морален поглед. За таа цел, тие водат борба против своето несовршено тело и против цутот на младоста — периодот кога сексуалните желби се толку силни што можат на едно младо лице да му ја искриват способноста за расудување (Ри 7:21; 1Ко 7:36). Исто така, тие постојано мора да се борат против притисокот од другите да имаат сексуални односи, сеедно дали со лица од ист или од спротивен пол (Еф 2:2). Се гордееме со младите кои и понатаму се трудат да останат чисти во морален поглед!

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Моите тинејџерски години — како да се спротивставам на притисокот да имам секс? Потоа, прашај ги присутните:

  • Со каков притисок од врсниците се соочиле Кори и Кемрен?

  • Што им помогнало да останат чисти во морален поглед?

  • Кои библиски начела може да ти помогнат во слични ситуации?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 38 и молитва