ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Беспрекорноста и нашите мисли
Покажуваме дека сме беспрекорни не само со она што го зборуваме и правиме туку и со она за кое размислуваме (Пс 19:14). Затоа, Библијата нѐ поттикнува да размислуваме за сѐ што е вистинито, благородно, праведно, чисто, допадливо, пофално, доблесно и достојно за фалба (Фп 4:8). Се разбира, не можеме секогаш да спречиме да ни се појават погрешни мисли. Сепак, самосовладувањето може да ни помогне да отфрлиме некоја погрешна мисла и да ја замениме со исправна и корисна. Тоа што ќе останеме беспрекорни во нашите мисли ќе ни помогне да постапуваме беспрекорно (Мр 7:21-23).
Под секој од наведените стихови, запиши каков начин на размислување треба да избегнуваме: