Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Родители — поучувајте ги своите деца да го радуваат Јехова

Родители — поучувајте ги своите деца да го радуваат Јехова

Младите се многу скапоцени за Јехова. Тој ги забележува нивниот духовен напредок и нивната истрајност (1Са 2:26; Лк 2:52). Дури и ако се многу мали, децата можат да го радуваат Јехова со своето добро однесување (Из 27:11). Преку својата организација, Јехова се погрижил родителите да имаат сѐ што им е потребно за да ги поучуваат своите деца да го сакаат и да му бидат послушни.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ДЕЦА, СО ВАШАТА ИСТРАЈНОСТ ГО РАДУВАТЕ ЈЕХОВА!, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Каква помош и водство обезбедил Јехова за младите низ годините?

  • Кои работи им стојат на располагање на родителите денес за да им помогнат на своите деца?

  • Ако си млада личност, која работа што Јехова ја обезбедил ти користела, и како?