Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

16-22 декември

ПСАЛМ 119:57-120

16-22 декември

Песна 129 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Како да истраеш во неволји

(10 мин.)

Продолжи да ја читаш и да ја проучуваш Божјата Реч (Пс 119:61; w06 15/6 20, пас. 2; w00 1/12 14, пас. 3)

Дозволи им на неволјите да те пречистат (Пс 119:71; w06 1/9 14, пас. 3)

Барај утеха од Јехова (Пс 119:76; w17.07 13, пас. 3, 5)

ПРАШАЈ СЕ: „На кои конкретни начини Јехова ми помага да истраам во неволјите?“

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 119:96 — Кое е веројатно значењето на овој стих? (w06 1/9 14, пас. 4)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покажи му ја на станарот нашата интернет-страница и дај му визит-картичка за jw.org. (lmd лекција 2: точка 5)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Покани го лицето на следното јавно предавање. Воведи го видеоклипот Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци? и дискутирајте за него (но не го пуштај на бината). (lmd лекција 8: точка 3)

6. Објасни ги своите верувања

(5 мин.) Приказ. ijwbq 157 — Тема: Што вели Библијата за природните катастрофи? (lmd лекција 3: точка 3)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 128

7. Јехова ни помага да истраеме

(15 мин.) Дискусија.

Оној што е истраен не потклекнува пред тешкотиите или неволјите. Тој е цврст, има исправен став и не губи надеж кога доживува искушенија. Ако сме истрајни, нема да се повлечеме или да забавиме во службата за Јехова кога ќе се соочиме со тешкотии (Ев 10:36-39). Јехова има силна желба да ни помогне да истраеме (Ев 13:6).

За секој од следниве стихови запиши како Јехова ни помага да истраеме.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Сесрдно моли се за оние кои се во неволја. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како може да ја користиме jw.org за да знаеме со какви неволји се соочуваат нашите браќа и сестри?

  • Како родителите може да ги поучат своите деца да се молат за другите, и како тоа им користи на децата?

  • Зошто е важно да се молиме Јехова да им помогне на нашите соверници да истраат?

  • Како тоа што ќе се молиме за другите ќе ни помогне да истраеме во неволјите низ кои минуваме?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 32 и молитва