Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

18-24 ноември

ПСАЛМИ 107 — 108

18-24 ноември

Песна 7 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. „Благодарете му на Јехова, зашто е добар“

(10 мин.)

Слично на начинот на кој Јехова ги избавил Израелците од Вавилон, така Јехова нѐ избавил нас од светот на Сатана (Пс 107:1, 2; Кол 1:13, 14)

Благодарноста што ја чувствуваме кон Јехова нѐ поттикнува да го фалиме во собранието (Пс 107:31, 32; w07 15/4 20, пас. 2)

Ние можеме да развиваме благодарност така што внимателно ќе ги набљудуваме делата на Јехова (Пс 107:43; w15 15/1 9, пас. 4)

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 108:9 — Која е веројатно причината поради која Јехова рекол: „Моав ми е сад во кој ќе си ги измијам нозете“? (it-2-E 420, пас. 4)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. (lmd лекција 1: точка 4)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Накратко објасни му на лицето за нашиот библиски курс и дај му визит-картичка за библиски курс. (lmd лекција 9: точка 3)

6. Говор

(5 мин.) ijwyp 90 — Тема: Како да ги победам негативните мисли? (th лекција 14)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 46

7. Пееме за да му благодариме на Јехова

(15 мин.) Дискусија.

Откако Јехова ги избавил преплашените Израелци од моќната египетска војска кај Црвеното Море, тие од благодарност му запеале песна (2Мо 15:1-19). Мажите биле тие кои почнале да ја пеат оваа нова песна (2Мо 15:21). Исус и христијаните од првиот век исто така му пееле фалби на Бог (Мт 26:30; Кол 3:16). И ние денес ја изразуваме нашата благодарност кон Јехова со тоа што пееме на состаноците, на собирите и на конгресите. На пример, песната која штотуку ја испеавме, „Ти благодариме, Јехова“, се пее на нашите состаноци уште од 1966 год.

Во некои култури, на мажите можеби им е непријатно да пеат пред други луѓе. Други, пак, не сакаат да пеат бидејќи мислат дека немаат убав глас. Сепак, треба да имаме на ум дека пеењето на нашите состаноци е дел од нашето обожавање. Јеховината организација вложува голем труд за да искомпонира убави песни и за да ги избере соодветните песни за секој состанок. Ние го имаме полесниот дел — да ги здружиме нашите гласови за да ги изразиме љубовта и благодарноста што ги чувствуваме кон нашиот небесен Татко.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Нашата динамична историја — пеењето е дар (дел 2). Потоа, прашај ги присутните:

  • Кој значаен настан се случил во 1944 год.?

  • Како нашите браќа и сестри во Сибир покажале ценење за теократските песни?

  • Зошто пеењето е толку важно за Јеховините сведоци?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 73 и молитва