Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

30 декември 2024 — 5 јануари 2025

ПСАЛМИ 120 — 126

30 декември 2024 — 5 јануари 2025

Песна 144 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

Израелците кои се вратиле од Вавилон жнеат со радост затоа што Јехова ја благословил нивната работа

1. Тие сееле со солзи, но жнееле со радост

(10 мин.)

Израелците биле радосни кога биле ослободени од Вавилон за да го обноват обожавањето на вистинскиот Бог (Пс 126:1-3)

Оние кои се вратиле во Јудеја можеби плачеле поради тешката работа која стоела пред нив (Пс 126:5; w04 1/6 16, пас. 10)

Народот истрајал и бил благословен (Пс 126:6; w21.11 24, пас. 17; w01 15/7 18-19, пас. 13-14; види ја сликата)

ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Откако во Армагедон ќе бидеме ослободени од овој стар свет, со кои предизвици ќе се соочиме во текот на периодот кога ќе ја претвораме Земјата во рај? Какви благослови ќе жнееме?

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 124:2-5 — Дали треба да очекуваме Јехова да нѐ штити во физички поглед исто како што ги штител Израелците како народ? (cl 73, пас. 15)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. (lmd лекција 3: точка 5)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Во претходниот разговор, лицето ти кажало дека се сомнева во точноста на Библијата. (lmd лекција 9: точка 5)

6. Водење библиски курсеви

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 155

7. Радувај се на Божјите ветувања

(15 мин.) Дискусија.

Јехова ги исполнил ветувањата што му ги дал на својот народ кој бил во изгнанство во Вавилон. Тој ги избавил Израелците и ги излекувал во духовен поглед (Иса 33:24). Јехова очигледно ги заштитил нив и нивните домашни животни од лавови и од други ѕверови кои се намножиле додека таму немало луѓе (Иса 65:25). Израелците можеле да живеат во свои домови и да јадат од плодовите на своите лозја (Иса 65:21). Бог ја благословил нивната работа, и тие живееле долго (Иса 65:22, 23).

Водопад: Maridav/stock.adobe.com; планини: AndreyArmyagov/stock.adobe.com

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Радувај се на Божјите ветувања за мир — извадок. Потоа, прашај ги присутните:

  • На кој начин овие пророштва се исполнуваат денес?

  • Како тие ќе се исполнат во уште поголема мера во новиот свет?

  • Кои пророштва едвај чекаш да се исполнат?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 58 и молитва