Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

2-8 септември

ПСАЛМИ 79 — 81

2-8 септември

Песна 29 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Покажувај дека го сакаш Јеховиното славно име

(10 мин.)

Внимавај да не правиш работи што му нанесуваат срам на Јехова (Пс 79:9; w17.02 9, пас. 5)

Повикувај го Јеховиното име (Пс 80:18; jd 187, пас. 19)

Јехова богато ги благословува оние кои со својата послушност покажуваат дека го сакаат неговото име (Пс 81:13, 16)

За да му носиме слава на Јеховиното име со нашето однесување, треба да им кажеме на другите дека сме негови Сведоци

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 80:1 — Зошто името на Јосиф понекогаш се користело за да се укаже на сите племиња на Израел? (it-2-E 111)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(1 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 4: точка 4)

5. Започнување разговори

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Понуди библиски курс. (lmd лекција 4: точка 3)

6. Започнување разговори

(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 3: точка 3)

7. Правење повторни посети

(5 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди му библиски курс на заинтересирано лице кое во минатото одбило да проучува. (lmd лекција 8: точка 3)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 10

8. „Тие ќе го светат моето име“

(15 мин.) Дискусија.

Во градината Еден, Сатана почнал да го клевети Божјето име. Оттогаш наваму, најважната одлука што сите интелигентни суштества треба да ја донесат е дали ќе го светат Јеховиното име.

Размисли само за неколку од ужасните лаги што Сатана ги раширил за Јехова. Сатана го обвинува Бог дека е груб и суров Владетел (1Мо 3:1-6; Јов 4:18, 19). Тој тврди дека Божјите слуги вистински не го сакаат Јехова (Јов 2:4, 5). Сатана успеал да наведе милиони луѓе да веруваат дека Јехова не е Творецот на прекрасниот природен свет околу нас (Ри 1:20, 21).

Како се чувствуваш поради овие лаги? Сигурно сакаш да го одбраниш Јехова! Тој знаел дека неговиот народ ќе сака да има удел во посветувањето на неговото име. (Спореди со Исаија 29:23.) Што можеш ти да правиш?

  • Помагај им на другите да го запознаат и да го засакаат Јехова (Јвн 17:25, 26). Биди спремен да изнесеш докази дека тој постои и да ги поучуваш другите за неговите прекрасни особини (Иса 63:7).

  • Сакај го Јехова со сето свое срце (Мт 22:37, 38). Биди им послушен на Јеховините заповеди не само затоа што се за твое добро туку и затоа што сакаш да го радуваш Јехова (Из 27:11).

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Љубовта никогаш не престанува, дури и... Ако си изложен на штетни влијанија на училиште. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како Ариел и Диего го одбраниле Јеховиното име?

  • Што ги поттикнало да застанат на страната на Јехова?

  • Како може да го следиш нивниот пример?

9. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 90 и молитва