28 октомври — 3 ноември
ПСАЛМИ 103 — 104
Песна 30 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. „Си спомнува дека сме прав“
(10 мин.)
Сочувството го поттикнува Јехова да биде разумен (Пс 103:8; w23.07 21, пас. 5)
Тој не се откажува од нас кога правиме грешки (Пс 103:9, 10; w23.09 6-7, пас. 16-18)
Тој не очекува од нас повеќе од она што можеме да го дадеме (Пс 103:14; w23.05 26, пас. 2)
ПРАШАЈ СЕ: „Дали постапувам со мојот сопружник на начин кој ја одразува Јеховината разумност?“
2. Духовни бисери
(10 мин.)
-
Пс 104:24 — Што учиме од овој стих во врска со креативноста на Јехова? (cl 55, пас. 18)
-
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Пс 104:1-24 (th лекција 11)
4. Започнување разговори
(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. (lmd лекција 3: точка 4)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Дискутирај за видеоклипот Уживај во библискиот курс! со некој што прифатил библиски курс. (th лекција 9)
6. Говор
(5 мин.) lmd додаток А: точка 6 — Тема: Сопругот треба „да ја сака својата жена како самиот себе“. (th лекција 1)
Песна 44
7. Дали си свесен за своите граници?
(15 мин.) Дискусија.
Кога му го даваме на Јехова нашето најдобро, го радуваме него, а и самите сме радосни (Пс 73:28). Сепак, ако се обидуваме да го дадеме нашето најдобро без да ги земеме предвид нашите ограничувања, може да се соочиме со непотребни грижи и да доживееме разочарувања.
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Со разумни очекувања ќе постигнеме повеќе. Потоа, прашај ги присутните:
-
Што очекува Јехова од нас? (Мх 6:8).
-
Што ѝ помогна на младата сестра да не биде толку загрижена за тоа дали ќе ја постигне својата цел?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 17, пас. 8-12, рамка на стр. 137