Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

15-21 јануари

ЈОВ 36 — 37

15-21 јануари

Песна 147 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Зошто можеш да имаш доверба во Божјето ветување за вечен живот

(10 мин.)

Јехова е вечен (Јов 36:26; w15 1/10 13, пас. 1-2)

Јехова ги има мудроста и моќта што се потребни за да го одржува животот (Јов 36:27, 28; w20.05 22, пас. 6)

Јехова нѐ поучува како можеме да добиеме вечен живот (Јов 36:4, 22; Јвн 17:3)


Цврстата вера во Божјето ветување за вечен живот ни дава стабилност кога се соочуваме со тешкотии (Ев 6:19; w22.10 28, пас. 16).

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Јов 37:20 — Како обично се пренесувале вестите и информациите во библиските земји? (it-1-E 492)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. (lmd лекција 3: точка 3)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. (lmd лекција 2: точка 5)

6. Објасни ги своите верувања

(5 мин.) Говор. ijwfq 57, пас. 5-15 — Тема: Зошто Јеховините сведоци биле прогонувани за време на Холокаустот? (th лекција 18)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 49

7. Биди подготвен за ситуации во кои може да имаш потреба од медицински третман или хируршки зафат

(15 мин.) Дискусија. Точката треба да ја води старешина.

Јеховината организација ни го обезбедува она што ни е потребно за да ни помогне да останеме послушни на Божјиот закон во врска со крвта (Де 15:28, 29). Дали го користиш сето тоа во потполност?

Трајно полномоштво за здравствена грижа (ТП картичка) и Легитимација (ic): Во овие картички се запишани одлуките на пациентот за медицинската употреба на крв. Крстените објавители можат да добијат ТП картичка од слугата за литература, како и Легитимација за нивните малолетни деца. Овие картички треба секогаш да ги носиме со себе. Доколку сѐ уште не си пополнил ваква картичка или сакаш да ја обновиш постоечката, направи го тоа што е можно поскоро.

Информации за идни мајки (S-401) и Информации за пациенти на кои им е потребна операција или хемотерапија (S-407): Овие документи ќе ни помогнат да бидеме подготвени во случај да ни биде потребна медицинска нега која може да опфаќа и употреба на крв. Побарај од старешините ваков документ доколку си бремена или ти е потребен оперативен зафат или третман за лекување на рак.

Одбор за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци: Во овој одбор служат старешини кои се обучени да им помогнат на медицинските лица и на објавителите да добијат информации за употребата на крв. Тие можат да разговараат со оние кои ти пружаат медицинска нега за тоа какви начини на лекување постојат во кои не е вклучена трансфузија на крв. Ако е потребно, можат да ти помогнат да најдеш лекар кој ќе го почитува твојот став во врска со крвта. Овие браќа се достапни 24 часа на ден, 7 денови во седмицата. Стапи во контакт со нив колку што е можно побрзо ако треба да престојуваш во болница, треба да ти биде извршен хируршки зафат или ти е потребно некакво лекување — на пример лекување за рак — дури и ако сметаш дека можеби нема да биде вклучена употреба на крв. Ова се однесува и за идните мајки. Ако ти е потребна помош, побарај од старешините контакт-информации од некој што служи во овој одбор.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Како ни помагаат Одборите за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци? Потоа, прашај ги присутните:

Како може да ти помогне овој одбор ако имаш потреба од медицински третман или некаков хируршки зафат?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 67 и молитва