Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

22-28 јануари

ЈОВ 38 — 39

22-28 јануари

Песна 11 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Дали одвојуваш време да го набљудуваш творештвото?

(10 мин.)

Откако ја создал Земјата, Јехова одвоил време да размислува за своите созданија (1Мо 1:10, 12; Јов 38:5, 6; w21.08 9, пас. 7)

Ангелите си одвојувале време да ги набљудуваат Јеховините созданија (Јов 38:7; w20.08 14, пас. 2)

Си ја зајакнуваме довербата во Јехова кога одвојуваме време со ценење да размислуваме за творештвото (Јов 38:32-35; w23.03 17, пас. 8)

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Јов 38:8-10 — Што учиме од овие стихови за Јехова како Законодавец? (w02 15/4 14, пас. 4-5)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Заврши го разговорот на позитивен начин ако сфатиш дека лицето не сака да разговара. (lmd лекција 2: точка 3)

5. Правење повторни посети

(5 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Во претходен разговор, лицето ти кажало дека неодамна му починал некој близок. (lmd лекција 9: точка 3)

6. Говор

(5 мин.) lmd додаток А: точка 1 — Тема: Настаните кои се случуваат во светот и начинот на кој постапуваат луѓето покажуваат дека наскоро работите ќе се променат. (th лекција 16)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 111

7. Тоа што го набљудуваме творештвото ни помага да имаме на ум што е најважно

(15 мин.) Дискусија.

Кога бил нападнат од тројцата лажни тешители и од Сатана, Јов се преокупирал со своите проблеми и со неправедните обвинувања упатени кон него.

Прочитај Јов 37:14. Потоа, прашај ги присутните:

Што требало да прави Јов за да престане да се концентрира на себеси и да си ја зајакне довербата во Јехова?

Ако се чувствуваме обесхрабрено поради нашите проблеми, тоа што ќе го набљудуваме творештвото може да ни помогне да се сетиме колку Јехова е повозвишен од нас, да бидеме порешени да му останеме верни и да си ја зајакнеме довербата дека тој ќе се грижи за нас (Мт 6:26).

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Поуки од библиската книга Јов — животинскиот свет. Потоа, прашај ги присутните:

Како овој видеоклип ти ја зајакнува довербата во Јехова?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 54 и молитва