Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

26 февруари — 3 март

ПСАЛМИ 11 — 15

26 февруари — 3 март

Песна 139 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Замисли се себеси во Божјиот нов свет во кој ќе владее мир

(10 мин.)

Тоа што луѓето не го почитуваат законот и редот води до насилството што го гледаме денес (Пс 11:2, 3; w06 15/5 18, пас. 3)

Може да имаме доверба дека Јехова наскоро ќе му стави крај на насилството (Пс 11:5; wp16.4 11)

Тоа што ќе размислуваме за ветувањето дека Јехова ќе нѐ спаси може да ни помогне стрпливо да го чекаме новиот свет (Пс 13:5, 6; w17.08 7, пас. 15)

ПРЕДЛОГ: Прочитај Езекиел 34:25 и одвој си време да се замислиш себеси во мирните услови што се опишани во овој стих (kr 236, пас. 16).

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 14:1 — Како ставот што е опишан во овој стих би можел да претставува опасност дури и за христијаните? (w13 15/9 19, пас. 12)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Покани го лицето на Спомен-свеченост. (lmd лекција 5: точка 3)

5. Започнување разговори

(1 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покани го лицето на Спомен-свеченост. (lmd лекција 3: точка 4)

6. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Лицето покажува интерес за поканата за Спомен-свеченост. (lmd лекција 7: точка 4)

7. Водење библиски курсеви

(5 мин.) lff лекција 13: Што научи, Како би одговорил и Цел. Користи една статија од делот „Истражувај“ за да му помогнеш на твојот интересент да разбере како гледа Бог на лажната религија. (th лекција 12)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 8

8. „Мудроста е подобра од воена опрема“

(10 мин.) Дискусија.

Насилството станува сѐ пораширено низ светот. Јехова е свесен дека насилството што го гледаме и што го доживуваме може многу да нѐ вознемири. Исто така, тој е свесен дека ни е потребна заштита. Еден начин на кој нѐ штити е преку неговата Реч, Библијата (Пс 12:5-7).

Библијата содржи мудрост која „е подобра од воена опрема“ (Про 9:18). Да разгледаме како следниве библиски начела можат да нѐ заштитат и да ни помогнат да не станеме жртви на насилство.

  • Про 4:9, 10 — Избегнувај да бидеш сам на места и во ситуации кои не се безбедни

  • Из 22:3 — Секогаш биди свесен за она што се случува околу тебе

  • Из 26:17 — Не се вмешувај во расправии кои не те засегаат тебе

  • Из 17:14 — Доколку си на место каде што ти изгледа дека може да дојде до насилство, веднаш замини си. И држи се понастрана од толпи кои се собираат за да протестираат

  • Лк 12:15 — Немој да си го ризикуваш животот за да го заштитиш она што го поседуваш

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Да се угледаме на верните, а не на безверните... на Енох, а не на Ламех. Потоа, прашај ги присутните:

Како примерот на Енох влијаеше врз одлуките и однесувањето на еден татко кој беше опкружен со насилство? (Ев 11:5).

Во некои ситуации, еден христијанин можеби ќе смета дека треба да преземе разумни мерки за да се заштити себеси или своите поседи. Ако тоа е случај, треба да направи сѐ што е во негова моќ за да не одземе човечки живот и да не си навлече вина за крв (Пс. 51:14; види во „Прашања од читателите“ во Стражарска кула од јули 2017).

9. Акцијата за Спомен-свеченоста почнува во сабота на 2 март

(5 мин.) Говор од старешина. Објасни какви подготовки прави вашето собрание за акцијата, за специјалното предавање и за Спомен-свеченоста. Потсети ги објавителите дека може да служат како помошни пионери со 15 часа во месеците март и април.

10. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 40 и молитва