Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

20-26 јануари

ПСАЛМИ 138 — 139

20-26 јануари

Песна 93 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Не дозволувај тремата да те спречи

(10 мин.)

Сакаме да го славиме Јехова со сето свое срце (Пс 138:1)

Ако имаш трема да коментираш на состанок, потпирај се на Јехова за помош (Пс 138:3)

Тремата може да биде добар знак (Пс 138:6; w19.01 10, пас. 10)

ПРЕДЛОГ: Ако даваме кратки коментари, тоа може да ни помогне да имаме помалку трема (w23.04 21, пас. 7).

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 139:21, 22 — Дали од христијаните се бара да простуваат секому? (w97 1/12 19, пас. 15)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. (lmd лекција 2: точка 3)

5. Водење библиски курсеви

(4 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Понуди библиски курс и покажи му на лицето како изгледа курсот. (lmd лекција 10: точка 3)

6. Говор

(5 мин.) ijwyp статија 105 — Тема: Како да ја победам срамежливоста? (th лекција 16)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 59

7. Можеш да уживаш во службата и покрај срамежливоста

(15 мин.) Дискусија.

Дали за себе би рекол дека си срамежлив? Дали главно сакаш другите да не те забележуваат? Дали чувствуваш како да имаш кнедла во грлото од самата помисла да зборуваш пред други? Понекогаш срамежливоста може да нѐ спречи да правиме работи кои би сакале да ги правиме. Сепак, многумина кои се бореле со срамежливост успеале да учествуваат во службата, па дури и да уживаат во неа. Што можеме да научиме од нивниот пример?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Давам сѐ од себе и покрај срамежливоста. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како на сестра Ли ѝ користеше тоа што го примени советот на баба ѝ „да дава сѐ од себе во службата за Јехова“?

Библијата укажува на тоа дека Мојсеј, Еремија и Тимотеј можеби се бореле со срамежливост (2Мо 3:11; 4:10; Ере 1:6-8; 1Ти 4:12). Сепак, тие успеале да извршат големи задачи во службата за Јехова бидејќи тој бил со нив (2Мо 4:12; Ере 20:11; 2Ти 1:6-8).

Прочитај Исаија 43:1, 2. Потоа, прашај ги присутните:

  • Што им ветил Јехова на своите слуги?

Како може Јехова денес да им помогне на оние што се срамежливи да уживаат во службата?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Твоето крштавање ќе те направи посреќен — извадок. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како сестра Џексон почувствувала дека Јехова ѝ дава сила и ја поддржува во службата?

  • Како службата може да му помогне на некој што е срамежлив?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 151 и молитва