Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

24 февруари — 2 март

ИЗРЕКИ 2

24 февруари — 2 март

Песна 35 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Зошто да ја проучуваш Библијата со сета душа?

(10 мин.)

За да покажеш ценење за вистината (Из 2:3, 4; w22.08 18, пас. 16)

За да носиш добри одлуки (Из 2:5-7; w22.10 19, пас. 3-4)

За да си ја зајакнеш верата (Из 2:11, 12; w16.09 23, пас. 2-3)

ПРАШАЈ СЕ: „Како можам да ги подобрам моите навики за лично проучување?“

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Из 2:7 — На кој начин Јехова им е штит на оние што живеат непорочно? (it-1-E 1211, пас. 4)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покажи му на едно лице како може на jw.org да пронајде информации кои се корисни за брачни парови. (lmd лекција 1: точка 3)

5. Правење повторни посети

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Понуди му на лицето списание на тема за која тоа покажало интерес за време на претходниот разговор. (lmd лекција 9: точка 3)

6. Говор

(5 мин.) lmd додаток А: точка 8 — Тема: Сопругот и сопругата треба да си бидат верни еден на друг. (th лекција 13)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 96

7. Дали трагаш по скриено богатство?

(15 мин.) Дискусија.

Млади, дали сакате да барате скриено богатство? Библијата ве поканува да трагате по најскапоценото богатство во универзумот — знаењето за Бог! (Из 2:4, 5). Можете да го најдете ова богатство така што редовно ќе одвојувате време да ја читате Библијата и длабоко да истражувате за извештаите што ги читате. Тоа може да ви биде интересно и многу да ви користи!

  • Кои прашања би можел да си ги поставиш додека ја читаш Библијата? (w24.02 32, пас. 2-3)

  • Со помош на кои алатки можеш да ги најдеш одговорите?

Серијата Учи од пријателите на Јехова може да ти помогне да научиш како длабоко да размислуваш за она што го читаш во Библијата.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Учи од пријателите на Јехова — Авел.

Прочитај 1. Мојсеева 4:2-4 и Евреите 11:4. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како Авел покажал дека е пријател на Јехова?

  • Како Авел си ја зајакнал верата во Јехова?

  • Како можеш ти да си ја зајакнеш верата?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 102 и молитва