27 јануари — 2 февруари
ПСАЛМИ 140 — 143
Песна 44 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Постапувај во склад со твоите молитви за помош
(10 мин.)
Биди спремен да прифатиш совет (Пс 141:5; w22.02 12, пас. 13-14)
Размислувај за тоа како Јехова ти помагал (Пс 143:5; w10 15/3 32, пас. 4)
Труди се да гледаш на работите како што гледа Јехова (Пс 143:10; w15 15/3 32, пас. 2)
Псалми 140 — 143 содржат молитви за помош кои ги кажал Давид, но и изрази кои покажуваат дека тој постапувал во склад со своите молитви.
2. Духовни бисери
(10 мин.)
-
Пс 140:3 — Зошто Давид го споредува јазикот на злите луѓе со јазикот на змија? (it-2-E 1151)
-
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Пс 141:1-10 (th лекција 12)
4. Започнување разговори
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Откако практично си помогнал некому, започни разговор со него. (lmd лекција 3: точка 5)
5. Правење повторни посети
(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Лицето ти вели дека е зафатено. (lmd лекција 7: точка 3)
6. Објасни ги своите верувања
(5 мин.) Приказ. ijwfq статија 21 — Тема: Зошто Јеховините сведоци не прифаќаат трансфузија на крв? (th лекција 7)
Песна 141
7. Биди подготвен за ситуации во кои може да имаш потреба од медицински третман или операција
(15 мин.) Дискусија.
Јехова ветил дека ќе биде „помош која лесно се наоѓа во неволја“ (Пс 46:1). Може да бидеме под голем стрес доколку имаме потреба од медицински третман или операција. Но Јехова обезбедува сѐ што ни треба за да бидеме подготвени за такви ситуации. На пример, неговата организација ни обезбедува Трајно полномоштво за здравствена грижа (ТП картичка), Легитимација (ic) a и други документи со информации за здравствена грижа, b како и Одбор за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци. Сето ова ни помага да бидеме послушни на Божјиот закон во врска со крвта (Де 15:28, 29).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Дали си подготвен за ситуации кога е потребна медицинска интервенција? Потоа, прашај ги присутните:
-
Како на некои им користело тоа што пополниле ТП картичка?
-
Како на некои им користел документот Информации за идни мајки (S-401)?
-
Зошто е најдобро да стапиш во контакт со Одборот за посредување што поскоро ако треба да престојуваш во болница, да одиш на операција или да примаш терапија, на пример лекување за рак, дури и ако се чини дека нема да биде вклучена употреба на крв?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 21, пас. 14-22
Заклучни зборови (3 мин.) | и молитва
a Крстените објавители можат да добијат ТП картичка од слугата за литература, како и Легитимација за нивните малолетни деца.
b Документите Информации за идни мајки (S-401), Информации за пациенти на кои им е потребна операција или хемотерапија (S-407) и Информации за родителите чие дете има потреба од медицински третман (S-55) можеш да ги добиеш од старешините доколку ти бидат потребни.