Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

3-9 февруари

ПСАЛМИ 144 — 146

3-9 февруари

Песна 145 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. „Среќен е народот чиј Бог е Јехова!“

(10 мин.)

Јехова ги благословува оние што се потпираат на него (Пс 144:11-15; w18.04 32, пас. 3-4)

Нашата надеж ни е извор на радост (Пс 146:5; w22.10 28, пас. 16-17)

Оние чиј Бог е Јехова ќе бидат среќни засекогаш (Пс 146:10; w18.01 26, пас. 19-20)

Кога верно му служиме на Јехова, можеме да бидеме среќни дури и кога се соочуваме со проблеми

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 145:15, 16 — Штом Јехова се грижи за животните, во што може да бидеме сигурни? (w24.09 27, пас. 6)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Лицето ти вели дека студира на факултет. (lmd лекција 1: точка 5)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Воведи еден видеоклип од главните публикации за служба и дискутирајте за него (но не го пуштај на бината). (lmd лекција 7: точка 4)

6. Говор

(4 мин.) lmd додаток А: точка 7 — Тема: Сопругата треба „длабоко да го почитува својот маж“. (th лекција 1)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 59

7. Јехова сака да бидеш среќен

(10 мин.) Дискусија.

Јехова е среќниот Бог (1Ти 1:11). Тој ни дал голем број прекрасни дарови кои ни покажуваат дека многу нѐ сака и дека сака да бидеме среќни (Про 3:12, 13). Да разгледаме два од тие дарови — храната и звуците.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Творештвото е доказ дека Јехова сака да бидеме радосни — вкусната храна и пријатните звуци. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како храната и звуците, кои се дар од Јехова, те уверуваат дека тој сака да бидеш среќен?

Прочитај Псалм 32:8. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како тоа што знаеш дека Јехова сака да бидеш среќен те поттикнува да бидеш послушен на водството што тој ни го дава преку Библијата и преку неговата организација?

8. Потреби на собранието

(5 мин.)

9. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 85 и молитва