Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

6-12 јануари

ПСАЛМИ 127 — 134

6-12 јануари

Песна 134 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Родители — грижете се за вашето скапоцено наследство

(10 мин.)

Родителите можат да бидат уверени дека Јехова ќе им помага да се грижат за потребите на своето семејство (Пс 127:1, 2)

Децата се скапоцен дар од Јехова (Пс 127:3; w21.08 5, пас. 9)

Поучувај го секое дете според неговите потреби (Пс 127:4; w19.12 26, пас. 20)

Јехова многу цени кога родителите се потпираат на него и кога даваат сѐ од себе за да се грижат за своите деца

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 128:3 — Зошто псалмистот ги споредува децата со маслинови фиданки? (w00 15/8 30, пас. 10)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. (lmd лекција 1: точка 3)

5. Започнување разговори

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Лицето кажува дека верува во нешто што не е во склад со некое библиско учење. (lmd лекција 5: точка 4)

6. Водење библиски курсеви

(5 мин.) lff лекција 16: точки 4-5. Разговарај со твојот интересент за тоа како си организирал да се одржува библискиот курс додека ти си отсутен. (lmd лекција 10: точка 4)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 13

7. Родители — дали ги поучувате своите деца со оваа моќна алатка?

(15 мин.) Дискусија.

Јеховината организација има издадено многу материјал за да им помогне на родителите да ги поучуваат своите деца за Јехова. Сепак, една од најмоќните алатки што родителите може да ги користат е нивниот добар пример (5Мо 6:5-9).

Исус ја користел оваа моќна алатка за да ги поучува своите ученици.

Прочитај Јован 13:13-15. Потоа, прашај ги присутните:

  • Зошто било делотворно тоа што Исус ги поучувал своите ученици со својот пример?

Како родител, твоите постапки можат да им дадат поголема тежина на зборовите со кои го поучуваш твоето дете. А твојот добар пример може и да всади почит кај твоите деца кон она за кое ги поучуваш и да ги мотивира да бидат послушни.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Ги поучувавме децата со пример. Потоа, прашај ги присутните:

  • За кои важни работи брат и сестра Гарсија ги поучиле своите ќерки?

  • Како овој видеоклип те поттикнува и понатаму да им бидеш добар пример на твоите деца?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 73 и молитва