Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

15-21 јули

ПСАЛМИ 63 — 65

15-21 јули

Песна 108 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. „Твојата лојална љубов е подобра од животот“

(10 мин.)

Блиското пријателство со Бог е поскапоцено од животот (Пс 63:3, фус.; w01 15/10 15-16, пас. 17-18)

Кога размислуваме за тоа како Јехова покажува лојална љубов, расте нашата благодарност кон него (Пс 63:6; w19.12 28, пас. 4; w15 15/10 24, пас. 7)

Тоа што сме благодарни за Божјата лојална љубов нѐ поттикнува радосно да го фалиме Бог (Пс 63:4, 5; w09 15/7 16, пас. 6)

ПРЕДЛОГ ЗА СЕМЕЈНАТА ВЕЧЕР: Разговарајте за тоа на кои начини Јехова ви покажал лојална љубов.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 64:3 — Како овој стих нѐ поттикнува да зборуваме позитивно? (w07 15/11 15, пас. 6)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(2 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Лицето не го знае твојот јазик. (lmd лекција 3: точка 4)

5. Започнување разговори

(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Разговорот завршува пред да успееш да дадеш сведоштво. (lmd лекција 2: точка 4)

6. Започнување разговори

(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Дознај која тема го интересира лицето и договори се во друга прилика да го продолжите разговорот. (lmd лекција 1: точка 5)

7. Објасни ги своите верувања

(4 мин.) Приказ. ijwfq 51 — Тема: Зошто Јеховините сведоци повторно зборуваат со луѓе што веќе рекле дека не се заинтересирани? (lmd лекција 4: точка 3)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 154

8. Како покажуваме љубов кон Бог

(15 мин.) Дискусија.

Јехова е „полн со лојална љубов“ (Пс 86:15, фус.). Тоа е љубов која е поттикната од верност, оддаденост и силна приврзаност. Иако покажува љубов кон сите луѓе, Јехова покажува лојална љубов само кон своите слуги — оние што имаат близок однос со него (Пс 33:18; 63:3; Јвн 3:16; Де 14:17). Може да покажеме дека сме благодарни за Јеховината лојална љубов така што и ние ќе го сакаме. Како покажуваме љубов кон Бог? Со тоа што сме послушни на неговите заповеди, вклучувајќи ја и заповедта: „Одете и правете ученици“ (Мт 28:19; 1Јо 5:3).

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Продолжи да покажуваш љубов во службата. Потоа, прашај ги присутните:

Како љубовта ќе нѐ поттикне да ја проповедаме добрата вест кога

  • сме уморни?

  • доживуваме противење?

  • ги извршуваме секојдневните активности?

9. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 79 и молитва