Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

22-28 јули

ПСАЛМИ 66 — 68

22-28 јули

Песна 7 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Јехова секој ден ни го носи товарот

(10 мин.)

Јехова ги слуша нашите молитви и одговара на нив (Пс 66:19; w23.05 12, пас. 15)

Јехова се грижи за потребите на оние што се во неповолна положба (Пс 68:5; w10 1/12 23, пас. 6; w09 1/4 31, пас. 1)

Јехова ни помага секој ден (Пс 68:19; w23.01 19, пас. 17)

ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Како му дозволуваме на Јехова да ни го носи товарот?

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 68:18 — Кои биле луѓето како дарови во времето на древниот Израел? (w06 1/6 10, пас. 4)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Лицето потекнува од друга култура. (lmd лекција 5: точка 3)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Продолжете да разговарате за трактатот што си му го оставил на лицето претходниот пат. (lmd лекција 9: точка 3)

6. Водење библиски курсеви

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 102

7. Би можел ли некому да му го олесниш товарот?

(15 мин.) Дискусија.

Ниту еден Божји слуга не мора сам да се носи со животните проблеми (2Ле 20:15; Пс 127:1). Го имаме Јехова како наш помошник (Иса 41:10). Кои се некои од начините на кои Јехова ни помага? Ни дава водство преку својата Реч и преку својата организација (Иса 48:17). Ни го дава својот моќен свет дух (Лк 11:13). Исто така, ги поттикнува нашите браќа и сестри да ни пружат охрабрување и практична помош (2Ко 7:6). Тоа значи дека Јехова може преку секој од нас да му го олесни товарот на некој наш соверник.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Продолжи да покажуваш љубов во собранието — кон постарите. Потоа, прашај ги присутните:

  • Што би можел да направиш за да му го олесниш товарот на некој постар соверник?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Продолжи да покажуваш љубов во собранието — кон полновремените објавители. Потоа, прашај ги присутните:

  • Што би можел да направиш за да му го олесниш товарот на некој што е во полновремена служба?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Продолжи да покажуваш љубов во собранието — кон доселениците. Потоа, прашај ги присутните:

  • Што би можел да направиш за да му го олесниш товарот на некој што се соочува со тежок проблем?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 88 и молитва