Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

26 август — 1 септември

ПСАЛМ 78

26 август — 1 септември

Песна 97 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Неверноста на Израелците — предупредување за нас

(10 мин.)

Израелците ги заборавиле Јеховините чудесни дела (Пс 78:11, 42; w96 1/12 29-30)

Израелците не биле благодарни за добрите работи што ги добиле од Јехова (Пс 78:19; w06 15/7 17, пас. 16)

Израелците не учеле од своите грешки и честопати му биле неверни на Јехова (Пс 78:40, 41, 56, 57; w11 1/7 10, пас. 3-4)


ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Што ќе ни помогне да му останеме верни на Јехова?

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 78:24, 25 — Зошто маната е наречена „жито небесно“ и „лебот на оние што се посилни од луѓето“? (w06 15/7 11, пас. 4)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 5: точка 5)

5. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Користи некој трактат за да започнеш разговор. Понуди библиски курс. (lmd лекција 5: точка 4)

6. Започнување разговори

(1 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Лицето те замолува да бидеш краток. Понуди библиски курс. (lmd лекција 2: точка 5)

7. Започнување разговори

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Без да спомнеш некоја конкретна библиска вистина, труди се на природен начин да му дадеш до знаење на лицето дека си Јеховин сведок и понуди му библиски курс. (lmd лекција 2: точка 4)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 96

8. Учи од примерот на проповедникот Филип

(15 мин.) Дискусија.

Во Библијата има многу примери, и добри и лоши. За да научиме нешто од нив, треба да одвоиме време и да вложиме труд. Освен што ќе ги читаме библиските извештаи, треба и длабоко да размислуваме за поуките и потоа да ги направиме потребните промени.

Проповедникот Филип бил познат како христијанин полн „со дух и со мудрост“ (Де 6:3, 5). Што може да научиме од неговиот пример?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Што учиме од нив — Филип, проповедникот на добрата вест. Потоа, прашај ги присутните што научија од:

  • Она што го направил Филип кога неочекувано му се смениле околностите (Де 8:1, 4, 5).

  • Благословите што ги добил поради тоа што бил спремен да служи онаму каде што имало поголема потреба (Де 8:6-8, 26-31, 34-40).

  • Благословите што ги имале Филип и неговото семејство бидејќи биле гостољубиви (Де 21:8-10).

  • Радоста што ја чувствуваше семејството во видеоклипот поради тоа што го следеше примерот на Филип.

9. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 101 и молитва