Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 21-27

Јов не подлегнал на неисправното размислување

Јов не подлегнал на неисправното размислување

Сатана се служи со лаги за да ги обесхрабри Јеховините слуги денес. Од книгата Јов дознаваме какви лаги кажува Сатана и, за разлика од него, каков став има Јехова.

ЛАГИТЕ НА САТАНА

СТАВОТ НА ЈЕХОВА

Бог бара толку многу од своите слуги што секој наш труд е залуден. Никој и ништо не може да ги задоволи неговите високи мерила (Јов 4:18; 25:5)

Јехова цени сѐ што правиме за него (Јов 36:5)

Човекот е бескорисен во Божји очи (Јов 22:2)

Јехова цени и нѐ благословува кога верно му служиме (Јов 33:26; 36:11)

На Бог воопшто не му е важно дали си праведен или не (Јов 22:3)

Јехова ги чува праведните (Јов 36:7)