Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Нова рубрика за започнување разговор

Нова рубрика за започнување разговор

Од јануари 2016 год., на задната страница од Стражарска кула (издание за јавност) излегува рубриката „Што вели Библијата?“ Таа е наменета да започнуваме разговор на библиски теми. Рубриката има слична форма со нашите трактати. Има прашање што го поттикнува соговорникот да си го каже мислењето, стих и дополнителни информации за разговор.

Пријатните разговори на библиски теми честопати водат до библиски курсеви. Користи ја оваа нова рубрика за да им помогнеш на уште многу луѓе да го задоволат својот духовен глад (Мт 5:6).

КАКО ДА ЈА КОРИСТИМЕ:

  1. Прашај го станарот што мисли за едно од прашањата.

  2. Слушај внимателно.

  3. Прочитај го стихот од делот „Што вели Библијата“ и прашај го што мисли за прочитаното. Ако има време, продолжете го разговорот на темел на некоја точка од делот „Што друго учиме од Библијата“.

  4. Понуди го списанието.

  5. Договори се да дојдеш пак и да го разгледате второто прашање.