ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Теократските песни ни влеваат храброст
Павле и Сила го славеле Бог со песна додека биле во затвор (Де 16:25). Во поново време, нашите соверници кои биле протерани во Сибир или затворени во концлогорот Заксенхаузен (Германија) пееле теократски песни. Овие примери се доказ дека песните можат да ни влеат храброст кога се соочуваме со некоја неволја.
Многу други јазици наскоро ќе ја добијат новата песнарка со наслов Пеј му од срце на Јехова. Веднаш штом добиеме примерок од песнарката може да ги пееме песните за време на Семејната вечер. Така ќе ни се врежат во срцето и умот (Еф 5:19). Кога ќе дојдат тешки времиња, светиот дух ќе ни помогне да се сетиме на нив. Теократските песни ни помагаат да ја имаме надежта пред очи. Кога се соочуваме со некоја неволја, тие можат да нѐ подигнат. А кога сме расположени, песните со ведар текст ни помагаат да ја изразиме нашата радост (1Ле 15:16; Пс 33:1-3). Затоа потруди се да извлечеш потполна корист од нашите теократски песни!
ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПЕСНА КОЈА ИМ ДАВАШЕ СИЛА, А ПОТОА ДИСКУТИРАЈТЕ ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Кои околности го поттикнале брат Фрост да компонира песна?
-
Како оваа песна ги зајакнуваше браќата во концлогорот Заксенхаузен?
-
Во кои ситуации од секојдневието теократските песни можат да те зајакнат?
-
Кои теократски песни сакаш да ги научиш напамет?