Лекувал во сабота
Зошто Исус толку се разжалостил кога го видел ставот на еврејските верски водачи? Затоа што тие направиле саботата да им биде товар на луѓето со тоа што измислиле безброј непотребни правила. На пример, било забрането да се убие болва. Смеело да се лекува само ако некому му бил загрозен животот. Ова значело дека, ако некој скршел коска или исчашел зглоб во сабота, немало да му се помогне. Очигледно, верските водачи немале ни трошка жал за човекот со исушена рака.