ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Проповедај и поучувај
Исус им заповедал на своите следбеници: „Одете и правете ученици“ (Мт 28:19). Во ова е вклучено проповедање и поучување. Одвреме-навреме, добро е да се прашаме: „Како можам да станам повешт во ова дело?“
ПРОПОВЕДАЈ
Наместо да чекаме луѓето да дојдат кај нас, ние треба ги бараме достојните (Мт 10:11). Кога си во служба, дали ја користиш секоја прилика за да сведочиш? (Де 17:17). Лидија станала ученик на Исус благодарение на тоа што Павле темелно си ја извршувал службата (Де 16:13-15).
ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПРОДОЛЖИ ДА ПРОПОВЕДАШ „БЕЗ ПРЕСТАН“ — НЕФОРМАЛНО И ОД КУЌА ДО КУЌА, А ПОТОА ОДГОВОРЕТЕ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Како Самоил ја користеше секоја прилика за да го посади семето на вистината?
-
Зошто ни е потребна истрајност во секоја гранка од службата?
-
На кого можеш да му сведочиш неформално во текот на денот?
ПОУЧУВАЈ
За да им помогнеме на луѓето да станат ученици на Исус, не е доволно само да им оставаме литература. За да напредуваат духовно, треба редовно да ги посетуваме и да започнуваме библиски курсеви со нив (1Ко 3:6-9). Но што ако, и покрај тоа што даваме сѐ од себе за да поучуваме некого, немаме резултати? (Мт 13:19-22). Треба да продолжиме да ги бараме оние што имаат срце кое е како „добра земја“ (Мт 13:23; Де 13:48).
ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПРОДОЛЖИ ДА ПРОПОВЕДАШ „БЕЗ ПРЕСТАН“ — НА ЈАВНИ МЕСТА И ПОУЧУВАЈ, А ПОТОА ОДГОВОРЕТЕ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Како Соломон и Марија го залеваа семето на вистината во срцата на Езекиел и Авигеја?
-
Која треба да ни биде крајната цел во секоја гранка од службата, вклучувајќи ја и службата на јавни места?
-
Како може во службата повеќе да се концентрираме на тоа да ги поучуваме другите?