Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Дозволи му на Јехова да те поучува

Дозволи му на Јехова да те поучува

ЗОШТО Е ВАЖНО: Јехова, Најголемиот Учител, ни го дава најдоброто можно образование. Тој нѐ учи да водиме квалитетен начин на живот и нѐ подготвува за една прекрасна иднина — и сето тоа бесплатно! (Иса 11:6-9; 30:20, 21; От 22:17). Освен тоа, Јехова нѐ поучува како да им ја пренесуваме на другите пораката која значи живот (2Ко 3:5).

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Труди се да бидеш понизен и благ (Пс 25:8, 9).

  • Користи го образованието од Јехова што ти е достапно уште сега, на пример, прифаќај ученички задачи на состанокот „Нашиот живот и служба“.

  • Размислувај на кои начини би можел да ја зголемиш својата служба и направи план кој ќе ти помогне да го постигнеш тоа (Фп 3:13).

  • Направи ги потребните жртви за да ги исполниш условите да присуствуваш на некоја теократска школа (Фп 3:8).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОУКИТЕ ОД ЈЕХОВА ИМ ГО ЗБОГАТИЛЕ ЖИВОТОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Какви чувства и предизвици надминале некои за да присуствуваат на Школата за полновремени објавители?

  • Каква обука се добива на Школата за полновремени објавители?

  • Каква помош добиле некои браќа и сестри од собранието во кое биле испратени по дипломирањето на Школата?

  • Кој може да учествува на Школата за полновремени објавители? (kr стр. 189)

  • Каква друга обука би можел да добиеш во Јеховината организација?

Какви благослови ќе добиеш ако дозволиш Јехова да те поучува?