Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како ќе се подготвиш за Спомен-свеченоста?

Како ќе се подготвиш за Спомен-свеченоста?

Почнувајќи од оваа година, ќе имаме повеќе време за да се подготвиме за одбележувањето на смртта на Христос. Доколку Спомен-свеченоста треба да се одбележи во работен ден, таа седмица нема да се одржи состанокот „Нашиот живот и служба“. Доколку Спомен-свеченоста треба да се одбележи во сабота или недела, нема да има Јавно предавање и Проучување на Стражарска кула. Дали добро ќе го искористиш тоа слободно време? Исто како што било случај во првиот век, потребно е да се направат некои практични подготовки за овој посебен настан (Лк 22:7-13; km 3/15, стр. 1). Но, исто така, потребно е да си го подготвиме срцето. Како би можеле да го направиме тоа?

  • Размислувај колку е важно да бидеш присутен (1Ко 11:23-26).

  • Одвој време да се молиш и да размислуваш за твојот однос со Јехова (1Ко 11:27-29; 2Ко 13:5).

  • Длабоко проучувај библиски извештаи и статии во кои е објаснето зошто е важен овој настан (Јвн 3:16; 15:13).

Некои објавители се подготвуваат за Спомен-свеченоста така што читаат и размислуваат за извештаите од Библијата кои се наведени во брошурката Секојдневно истражување на Писмото. Други ги читаат библиските стихови што се наведени во табелата која се наоѓа во овие работни листови. А некои, пак, проучуваат статии од Стражарска кула во кои се зборува за Спомен-свеченоста и за љубовта што Јехова и Исус ја покажале кон нас. Без разлика што ќе избереш ти, тоа нека ти помогне да станеш уште поблизок со Јехова и со неговиот Син.