Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Што ми е најважно?

Што ми е најважно?

Јаков се борел со ангел за да добие нешто многу вредно — Јеховиниот благослов (1Мо 32:24-31; Ос 12:3, 4). А како е со нас? Дали сме спремни да даваме сѐ од себе за да му бидеме послушни на Јехова и да го добиеме неговиот благослов? На пример, ако мора да одлучиме дали да одиме на состанок или да останеме уште неколку часа на работа, што ќе направиме? Кога му го даваме своето најдобро на Јехова во поглед на нашето време, сила и средства, тој ќе ни излее толку голем благослов што ништо нема да ни недостига (Мл 3:10). Бог ќе нѐ води и ќе нѐ чува, и ќе се грижи за нашите потреби (Мт 6:33; Ев 13:5).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕМОЈ ДА ГИ ИЗГУБИШ ОД ВИД ДУХОВНИТЕ ЦЕЛИ, КОЈ СЕ ТЕМЕЛИ НА ЗАМИСЛЕНО СЦЕНАРИО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како она што сестрата многу го сакаше стана испит за неа?

  • Како нашето вработување може да биде испит за нас?

  • Зошто Тимотеј требало и понатаму да си поставува цели иако веќе бил зрел христијанин? (1Ти 4:16).

  • Што ти е тебе најважно во животот?

    Како може да покажеме што ни е најважно?