Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМИ 102-105

Јехова си спомнува дека сме прав

Јехова си спомнува дека сме прав

Давид користел сликовити описи за да ја опише Јеховината милост.

  • 103:11

    Како што не можеме да си го замислиме огромното растојание меѓу ѕвездите и Земјата, така не можеме да замислиме ни колкава е Јеховината милост

  • 103:12

    Јехова ги трга што подалеку од нас нашите гревови, колку што е исток далеку од запад

  • 103:13

    Како што таткото покажува сочувство кон својот син кога ќе се повреди, така Јехова им покажува милост на оние што се каат и се скршени од тежината на својот грев